„Бев на Санторини, погледот е совршен, но островот ме разочара - валкани улици и лош мирис“

Од другата страна на островот: Рајскиот дел на Санторини

Помалку разочарана, но охрабрена со пофалните зборови од колегите решив да ја посетам и другата страна на островот, или како што велат убавата страна на Санторини. 

По долгиот пат до другиот крај на островот, две бротчиња и комбе конечно стигнавме во Иа - малиот рај на Санторини, 150 метри над морето. Тоа беше љубов на прв на поглед… сето она што го замислував, читав и знаев сега го има пред моите очи и објектив.

DSC_1047.jpg

50 нијанси сино и таква белина што едноставно те остава без здив. Се вртам 360 степени, впивам сè околу мене, совршенство. Конечно, сините полукружни покриви, бели ѕидови, мали дрвени порти, многу скали и мали сокачиња, прегрнати цврсто од морската шир. 

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-64.jpg

Се чини дека тука времето застанало, и сè е како и некогаш, тогаш многу одамна кога се градел овој мал рај. Старите и новите градби се преплетени зачувувајќи ја автентичноста, сино и бело, мали прозорци со дрвени кепенци, дрвени врати во пастелни бои и интересни огради. Тука сè е во духот на морето, на синото и белото, на религијата, на старата грчка традиција.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-56.jpg

Поминав многу пристаништа, посетив, видов, почувствував многу градови, но и покрај сè, сè уште го паметам првото утринско кафе во Иа. Седам, онака крснозе, на мало ѕитче во центарот на селото, од сончевите зраци ме штити сенка од маслинка, опиена од мирисите и од погледот, оставам овој миг да трае додека очите ги одмарам во пејзажите околу мене. Сè е така едноставно, убаво, неодоливо…

Со секоја голтка откривам по некој нов детаљ на оваа перфектна слика. Мал дрвен прозорец, снежно бели камчиња, дрвени огради, сламени стреи и насмеани лица. Од таму, од горе, бродовите изгледаат како минијатурни играчки во морската шир. Околу луксузните, ги набљлудувам и јахтите, но и малите рибарски бротчиња и играта на брановите со нив, само едрата се бели во синилото на морето.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-57.jpg

По кратка пауза, продолжувам да шетам и да се изненадувам од малите локални продавници, од покривите, од белината.

Иа Вилиџ е прогласено за најубаво место на Санторини, мало село со неодолива сценографија вдлабнато на северниот раб на островот, скриено од целиот туристички хаос и желбата за заработка од локалците.

Малото село, секако живее од туристите, но тука царува традиција, сè е некако помирно и потивко, село создадено за релаксација, уживање, а за многумина, и повторна конекција со религијата. Иако, просторно е мало, во него се преплетени мали шармантни кафулиња и ресторани, кои секако, ги нудат најсвежите морски дарови, традиционални вкусови и познатото вино, нектарот на боговите. Ѕиркам низ вратите на галериите, сликите уште поубави од реалноста, рачно изработени сувенири, мали пакувања од грчките вкусови и многу ситници кои пленуваат со својата автентичност.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-62.jpg

Природата, или боговите, биле великодушни, дарувајќи го овој остров со сите убавини, но она што вистински обзема се црквите со сини покриви и куќите во белите карпи. Овие куќи изрезбарени во карпите, некогаш биле домови на морнарите, кои го користеле ова мало пристаниште, додека луксузните домови, биле на капетаните.

Целиот остров има долга историја поврзана со морнарите и бродскиот живот, па затоа има и музеј кој сведочи за овој период.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-44.jpg

И покрај сета убавини, црквите се заштитниот знак, посебно за овој дел од Санторини. На целиот остров има околу 70 цркви. Од гости на бродот кои живеат на Санторини, дознав малку за овие познати цркви. Според нивната приказна, морнарите кои барале прибежиште на овој остров, ги граделе црквите за да ја имаат наклонетоста од Господ и да им дарува мирно море и добар лов во мрежите. Исто така црквите ги граделе семејствата и сопругите на морнарите, кои посветувајќи ја некој светец, барале од него, да им го врати безбедно саканиот дома. Црквите со сино кубе кое оддалеку се забележува се полни со богатства на семејствата кое ги граделе, живописни фрески и икони, а секој е добредојден да ги посети.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-50.jpg

Слушнав дека покрај архитектурата, Иа маѓепсува и со вулканските плажи, попознати како црни плажи, термални извори, плантажите со маслинките, винариите и зајдисонцето кое никого не оставило рамнодушен.

И така маѓепсана од небесното синило, од белината на куќите, од старите традиции, од црквите, од погледот кој го одзема здивот и од морето, заминувам со ветување дека пак ќе се вратам тука, но овој пат на неколку дена, за да ги откријам и доживеам сите убавини и чудата на природата.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-58.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg