„Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“

Од утринското кафе на цветните платформи од ресторанчињата и плажата која ја имав само за себе, па до „авантурата“ до Струга со локално комбе и совршениот кеј на реката Црн Дрим... Како си поминав во живописното селце Радожда на брегот од Охридското Езеро?

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-01.jpg

Татко ми е пензионер, и тоа од оние што имаат триста здравствени проблеми, а се како деца и не сакаат да се чуваат. Па, токму затоа одлучив да одам на летен одмор со него годинава, исто како и лани.

Да го „карам“ што не се пази, но и за да минеме квалитетно време заедно, затоа што во трката со време како да подзабораваме на нашите стари родители, на кои најголема среќа им е да испијат кафе со нас или да си направат 3 реда муабет.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-42.jpg

Татко ми веќе 14 години оди на одмор на истото место во Радожда, кај ведриот чичко Ристе. Веќе и јас втора година по ред традиционално одам таму.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-15.jpg

Има топла атмосфера, има насмевки, до Охридското Езеро има само 3 чекори, погледот е прекрасен, па не ми е потребно ништо повеќе.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-20.jpg

За мене ова мало селце на десетина километри од Струга има посебна магија. И не го сакам само за време на викенди, каков што туризам најчесто се тера тука и се оди на ручек на риба во некој од прекрасните рибни ресторани на платформи преполни со цвеќе, туку го сакам секој ден.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-39.jpg

Сакам што нема турканици во текот на работната недела, а на моменти со мојот џиновски душек во форма на лижавче кој го влечев од еден до друг крај на селото се чувствував дури како единствен турист во селото. Мислам дека дури и бев хит кај локалците што толку „сериозно“ си ја сфатив улогата одморање, па со себе ги носев сите летни реквизити.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-41.jpg

А, да, да не ја заборавам и трската и тегличките со црвчиња, една со бели, една со црни. Не дека сум експерт, но се трудам. Навистина ме релаксира гледањето во тапата, фаќањето на мали рипчиња и одновото нивно пуштање во водата. Глетката кон смарагдно синото езеро мирно како тепсија навистина ми е мелем за душа. Плус, од време на време ќе помине некој чамец од локалните рибари и глетката е надреална.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-33.jpg

Покрај „риболовот“ традиционално уживав и во пиење на утринското кафе на цветните платформи во рестораните и тоа токму во мигот кога локалците ги отвораа. Тие уште се средуваа од изминатиот ден и се расонуваа, а јас веќе го пиев највкусното утринско кафе таму. Единствена мана беше што бев сама и немаше со кого да ја споделам убавината (затоа што татко ми си го пиеше утринското кафе во двор со чичко Ристе), но искрено и не беше мана затоа што ако имаше уште некој со мене немаше да има таква магија, таков спокој, таков мир.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-38.jpg

По испиеното утринско кафе, одев на една мала приватна плажа каде уживав под природната сенка од неколку врби, кои си ги засадил еден македонски иселеник кој ретко доаѓа.

Признавам – виновна, уживав на оваа плажа и да бидам искрена чувствував како да е приватна, но не на некој друг, туку лично моја. Се надевам нема да ми замери ако прочита. Бев одговорна - не оставив ниту најмало ѓубренце, само уживав во убавината.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-16.jpg

Пливав повеќе од кога било затоа што не можев да ѝ одолеам на кристално чистата вода на Охридското Езеро и тоа што немаше никој околу. Единствена мана се каменчињата, но секогаш е тука опцијата влегување со влечки и потоа центрирање кон плажата.

Еден ден се одлучив за мини авантура и со локално комбе појдов до градот Струга. Повратен билет ме чинеше 70 денари, а Струга ме воодушеви со тоа колку беше чистa и средена. Се разбира, говорам за централното подрачје и не навлегувам каква е состојбата во одделните населби.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-27.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg