„Јас сум Американка, ја посетив Грција за првпат – што ме изненади најмногу?“
Санторини е инстаграмџиски рај навистина, но премногу е искомерцијализиран и преполн со туристи секогаш, па тешко е да најдете мирно катче.

Милос, познат по шарените рибарски селца и неверојатни плажи, ми беше совршен одмор помеѓу турбулентните Атина и Санторини. Па, кога повторно ќе ја посетам Грција ќе одам на помалку познати дестинации кои се скриено богатство.

Прекрасно е што во Грција има стотици острови, но малку е мачно патувањето и одзема многу време кога сакате да посетите неколку острови наеднаш.

Бев изненадена што многу убави и познати места во Грција нема да ви бидат пристапни ако не сте добро физички спремни за пешачење, некогаш и по непристапен терен. На пример за на Акрополис спремете се за многу нагорнини и скали.

Храната беше повкусна од што очекував, секој оброк беше неверојатно вкусен, а особено ми се допадна локалниот јогурт.

Шише вино во Грција чини колку коктел во САД, па така бевме пријатно изненадени од цените.

На мерките за корона не се внимаваше многу на ферибродовите , но во метрото во Атина и низ локалите се носеа маски и се вршеше дезинфекција. Ова за мене беше навистина незаборавно патување, по 18 месеци минати дома поради пандемијата.

Повеќе фотки од нејзиниот престој во Грција на следната страна...
Би можело да ве интересира:
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода?
„И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција
Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција
Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ...
„Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ...
„Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит?
Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...