Филмскиот Стар мост во Мостар е хит кај инстаграмџиите (фото)

Овој мост на реката Неретва е под заштита на УНЕСКО и е познат како главен симбол на градот Мостар во Босна и Херцеговина. Инстаграмџиите го обожаваат како место за совршени фотки...

filmskiot-star-most-vo-mostar-e-hit-kaj-instagramdjiite-foto-01.jpg

Македонските туристички агенции сè почесто нудат кратки тури до Мостар, а главна атракција таму е Стариот мост, со кој Инстаграм е преплавен од фотки.

Живописен и впечатлив, тој дефинитивно е магнет за туристите, но и за локалните инстаграмџии. Одлична идеја е да се пие шолја турско кафе со поглед кон него, зарем не?

Мостар е град во Босна и Херцеговина во кој живеат околу 113.000 жители и овој град се смета за културна престолнина и низ него поминува реката Неретва.

Мостар е петти по големина град во земјата, а своето име го добил по чуварите на мостот (мостари) кои во средниот век го чувале Стариот мост по текот на Неретва.

Стариот мост, изграден од страна на Османлиите во 16-иот век, е едно од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот.

Мостот е долг 30 метри и се издига на 20 метри над реката Неретва во својата највисока точка.

На 9-ти ноември 1993 година мостот бил разрушен од страна на хрватската војска. Самиот мост бил повторно обновен во 2004 година кога и е ставен под заштита на УНЕСКО. Овој мост е познат како главен симбол на градот Мостар во Херцеговина.

Фотографии оттаму:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg