Што сè е бесплатно за жителите на Обединетите Арапски Емирати?

Жителите на Обединетите Арапски Емирати не плаќаат данок на приход, без разлика колку пари заработуваат - што друго е бесплатно за жителите на оваа земја?

shto-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-01.jpg

Обединетите Арапски Емирати, понекогаш едноставно наречени Емирати, се федерација од седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџа, Рас ел Хајма, Аџман, Ум ел Кајван и Фуџејра. 

Пејзажот на земјата се состои главно од рамнини со чакал и пустина со песочни дини, a нејзините главни градови и урбани центри се лоцирани главно покрај бреговите.

Од бесплатно здравство, бесплатно сместување, до бесплатно образование, се чини дека жителите таму се добро згрижени од владата. 

Погледнете ја листата на бесплатни работи за жителите на Емиратите:

Не плаќаат данок

Заега, жителите на Обединетите Арапски емирати не плаќаат данок на приход, без разлика колку пари заработуваат. 

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-03.png

Бесплатно здравство

Додека туристите и луѓето кои живеат во Обединетите Арапски Емирати без државјанство можеби ќе треба да платат многу висока цена за посета на лекар, жителите на земјата имаат бесплатно здрвство.

Истовремено, државните болници се одлично опремени, што значи луѓето добиваат навистина добра нега.

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-09.png

Пасошот на жителите на Обединетите Арапски Емирати е 17-тиот најмоќен во светот

Ова значи дека жителите можат да патуваат без виза во 174 држави.

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-06.png

Бесплатно образование

За жителите на земјата, основното и средното образование се потполно бесплатни. Исто така, постојат државни универзитети кои нудат бесплатни постдипломски студии за жителите на земјата. 

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-05.png

Бесплатна свадба

Доколку парот исоплнува одредени критериуми, може да добие грант од државата со кој ќе ги покрие трошоците за свадбата.

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-02.png

Бесплатен дом

Ако жителите на Обединети Арапски Емирати исполнуваат одредени услови, можат да добијат дом од државата.

Некои добиваат и грантови или делумна финансиска помош за да си купат свој дом. 

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-07.png

Бесплатни погребални услуги

Кога ќе почине жител на Обединетите Арапски Емирати, владата финансира подигање на шатор покрај домот на жителот, каде што семејството и саканите можат да го одржат погребот.

Државата ги покрива и останатите трошоци за погребувањето.

besplatno-obrazovanie-zdravstvo-pa-duri-i-svadbi-sho-se-e-besplatno-za-zhitelite-na-obedinetite-arapski-emirati-08.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е срамота да нарачате само кафе и да седите со часови - Грк споделува совети за културно однесува... Ако седнувате во кафуле не треба да го испиете кафето и веднаш да избегате, Грци...
Чистење на чевли, возење со такси: Кои се најголемите туристички замки во Истанбул? Живеам во Истанбул веќе некој период и ќе ви раскажам за неколку туристички замк...
„Работам на крузер повеќе од 7 години – што треба да знаете ако првпат одите на вакво патување?“ Клучот од собата е најважниот предмет, а ако не ги вратите крпите од базенот, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg