„Го посетив Колосеумот во Рим и се разочарав – сите се буткаа во мене, чекав 30 минути за тоалет, а градбата се реновираше“ (фото)

Колосеумот е една од најпопуларните атракции не само во Рим, туку во цела Италија, но токму оваа популарност може да ви ја уништи посетата. Ова одлично го покажуваат фотките на млада девојка која го посетила Колосеумот во октомври 2022-ра, и потполно се разочарала.

go-posetiv-koloseumot-vo-rim-i-se-razocharav-site-se-butkaa-vo-mene-chekav-30-minuti-za-toalet-foto-01.jpg

Колосеумот во Рим е најголемиот амфитеатар од древното минато, а неговата изградба почнала во далечната 69-та година.

Низ историјата, овде се одржувале гладијаторски битки, борци со животни, па и театарски претстави, а подоцна зданието имало и други намени, како христијанско светилиште.

Речиси два милениума по изградбата, Колосеумот е во мошне добра состојба и важи за една од најпопуларните атракции во Рим.

image (39).jpg

Па, ако планирате да одите во престолнината на Италија, сигурно и Колосеумот е едно од местата што сакате да ги видите.

Иако оваа градба е ништо помалку од импресивна, нејзината популарност може да ви ја расипе посетата, а ова одлично го покажуваат фотките на Џои Хаден.

image (38).jpg

За Insider, таа го споделува нејзиното разочарување од посетата на Колосеумот:

„Го посетив Колосеумот додека бев на 2-неделно патување со воз низ Италија, Германија, Австрија и Швајцарија во октомври 2022 година.

Кога го закажав патувањето, почнав да пребарувам објави на Инстаграм и најдов многу фотки од луѓе кои изгледаа како да се сами околу огромната историска структура.

Иако Колосеумот е една од најпопуларните атракции во Рим, има капацитет од 3.000 посетители одеднаш, па се сомневав дека ќе има многу метеж.

image (40).jpg

Пет дена пред посетата, закажав билет за влез преку ред за 60 долари. Мојата влезница нудеше директен влез во Колосеумот и ми овозможуваше да ја прескокнам редицата и сама да го истражувам местото.

Но, и покрај тоа што купив билет за прескокнување на редиците, бев разочарана кога сфатив дека чекањето беше неизбежно. Немаше бегање од толпите туристи.

Не очекував Колосеумот да биде толку натрупан, гласен и стресен.

image (41).jpg

Иако бев воодушевена од големината на структурата, повеќе ми изгледаше како туристичка замка.

Навидум бескрајните толпи луѓе направија да се чувствувам како да чекам во редица додека траеше целата посета.

Кога одев кон Колосеумот, забележав дека толпата стануваше поголема како што се приближував до атракцијата.

image (43).jpg

По пат налетав на неколку луѓе кои го блокираа патот бидејќи фотографираа. Ова го направи и самото одење до атракцијата тешко и фрустрирачко.

Кога конечно го најдов мојот туристички водич, ми ја даде влезницата. Со мојот билет ја прескокнав редицата, но сепак требаше да чекам да поминам низ обезбедување.

image (45).jpg

Штом влегов внатре, морав да одам во тоалет, а луѓето се буткаа едни во други и пробуваа да одат преку ред. Бев шокирана кога некој ме бутна во кабина во тоалетот.

Имаше луѓе кои се расправаа кој бил прв. Една жена ја понесе целата нејзина туристичка група и им го зеде редот на неколку луѓе.

Бев шокирана од однесувањето на луѓето и ова ми го уништи искуството.

image (46).jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...

Најчитани неделава