Почувствувајте ја боженствената убавина на селото Брајчино


Почувствувајте ја боженствената убавина на селото Брајчино

Времето е топло, а нашата земја е богата со еден куп места кои вредат да се посетат. На менито за овој викенд е селото Брајчино.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-01

Брајчино е сместено во долината на Брајчинска Река, која воодушевува со својот постојан водотек и кристално чистата вода. Реката го опфаќа атарот на селото и го дели на два живописни дела кои изобилуваат со богата флора и фауна. Позната е по ендемичниот вид на поточна пастрмка - Брајчинска пастрмка (Salmo Pelistericus) која живее само во слатките води на оваа река.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-1

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-2

Селото изобилува со многубројни водни површини - помали реки, долови и поточиња кои со нивниот пријатен звук и жуборење ја надополнуваат атмосферата, но и го создаваат карактеристичниот релјеф на Брајчино. Тој е претставен со стрмни планински падини и со безброј долови кои формираат еден прекрасен, шаренолик пејзаж.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-3

Брајчино е подпелистерско село и се наоѓа на 1000 метри надморска висина. Токму поради тоа претставува вистинска воздушна бања, но и предизвик за љубителите на планинарењето особено во текот на пролетниот и летниот период кога деновите се долги и сончеви, а ноќите свежи.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-5

Околината на селото изобилува со бујна вегетација и разновидна шума која е погодна за долги прошетки по обележаните планинарски патеки. Во пониските делови најзастапена е дабовата шума, додека во повисоките делови (до 2000 метри надморска висина) се среќава чисто букова и елова шума.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-6

Во највисоките предели, пак, се наоѓаат ливади и пространи тревни површини, измешани со нискостеблести растенија, од кои најкарактеристична е смреката. Особено карактеристични за овие предели се и камењарите, кои природата “ги направила” од искршени камени блокови кои на моменти наликуваат на река од камења.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-7

Кога сте веќе овде, може да уживате во пешачење или возење велосипед, планинарење до Големото езеро на Пелистер, едноставно, искористете го чистиот воздух и преубавата природа.

Задолжително прошетајте до манастирот Св. Петка и петте цркви во селото- Св. Никола, Св. Богородица, Св. Илија, Св. Арангел и Св. Атанас.

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-8

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-9

vikend-predlog-pocuvstvuvajte-ja-bozenstvenata-ubavina-na-seloto-brajcino-10

-

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Најдобрите ќе бидат објавени.

извор: www.brajcino.mk

Би можело да ве интересира:

Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку о... Доколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарув...
И овој викенд да испробаме нешто ново Eве, ни се ближи лето, период во кој сите очекуваме да се случи нешто поразлично...
Марков манастир – убавина зачувана со векови за совршено бегство од гр... На само 20 km од Скопје ќе пронајдете место за совршен одмор и мир. Марков ...