Викенд предлог: Село Беловиште


Викенд предлог: Село Беловиште

Беловиште е тетовско село оддалечено од Тетово 21 километар.  До селото се стигнува по патот што води до граничниот премин Јажинце. Сместено е на надморска височина од околу 900 метри и поради тоа има идеална клима.

vikend-predlog-selo-beloviste-01

Моментално има околу 260 постојани жители, претежно повозрасни луѓе. Заради минималните услови голем број од жителите се иселиле од тука, но и покрај тоа Беловиште е прекрасно село со живописна природа која вреди да ја посетите барем на еден ден.

Во селото има и црквичка во која тече вода лековита за очи, манастир, водопади, ресторани, базени за капење и прекрасна природа. Доколку сакате да побегнете од градската гужва ова е идеално место. Можете да уживате во чистиот воздух, жуборењето на реката и пеењето на птиците.

vikend-predlog-selo-beloviste-03

Петочко Водиче е излетничко место каде има поставено клупи за излет. Има и места за подготвување скара каде може самите да го приготвите оброкот и да уживате во убавините. А доколку сакате само да уживате, без да се мачите да готвите, има и неколку ресторани во близина во кои има прекрасна храна и услуга.

vikend-predlog-selo-beloviste-08

На крајот од оваа прошетка ќе бидете свежи, одморени и полни со енергија за наредниот ден. Исто така, ќе бидете полни со импресии кои ќе ги споделувате долго време со вашите блиски.

vikend-predlog-selo-beloviste-05

vikend-predlog-selo-beloviste-06

vikend-predlog-selo-beloviste-07

vikend-predlog-selo-beloviste-09

vikend-predlog-selo-beloviste-10

И благодариме на Мартина Матоска за викенд предлогот.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Би можело да ве интересира:

10 евтини и забавни активности кои може да ги правите сами за време на... Викендите се исклучиво резервирани за полнење на батериите, па ако обожавате тоа...
Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку о... Доколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарув...
И овој викенд да испробаме нешто ново Eве, ни се ближи лето, период во кој сите очекуваме да се случи нешто поразлично...