Викенд предлог: На патот кон Охрид се кријат божествени убавини


Викенд предлог: На патот кон Охрид се кријат божествени убавини

Посакувате ли да избегате од градските гужви? Посакувате ли да отидете на некое место, далеку од буката, метежот, прашините и асфалтот?

vikend-predlog-na-patot-kon-ohrid-se-krijat-bozestveni-ubavini-02

Доколку вашиот одговор е “ДА!”, тогаш ова што го подготвивме во нашата рубрика, за вас е одлична дестинација!

Ова идеално место, помалку и таинствено, се наоѓа токму на патот кон прекрасниот Охрид. Па, и доколку се подготвувате викендот да го поминете покрај езеро - зошто не скршнете 13тина километри накај падините на планината Илинска Бигла?

Најпрво ќе наидете на областа наречена Дебарца, и оттука патот се разделува на повеќе споредни патчиња. Добро е тоа што по кој пат и да тргнете никако нема да се загубите или да погрешите.

Сите патишта водат кон селото Велмеј. Оваа област е од типичен планински карактер, а тоа значи полнење на дишните патишта со чист, свеж планински воздух. Мирисите од разните билки, уште од самиот миг кога ќе навлезете подлабоко во областа, ќе ги разбудат вашите сетила.

Дали знаете дека селото Велмеј се споменува уште во далечната 1582 година? Таму може да пресретнете остатоци од старите македонски живеалишта и старите чувалишта на стока.

Кога ќе тргнете, не заборавајте да си понесете неколку празни шишиња. Токму во средината на селото Велмеј се наоѓа извор, од кој неодамна се произведуваше познатата вода Илина, која и денес можете да ја пронајдете во охридските продавници.

Наполнете си од свежата, изворска вода која за момент ја гасне жедта. Не заборавајте да поразговарате со старите мештани кои некогаш достигнувале бројка од 660 жители, но за жел сега таа бројка е опадната до минимумот.

Од нив можете да чуете многу за историјата, за колективот, за што, кој, како имал, за турските паши, и уште многу интересни приказни врзани за ова место.

Селото Велмеј, како и околна Дебраца е полна со историја од културен карактер, па така можеби ќе имате шанса да чуете и за обредните песни кои порано се изведувале во црквите и манастирите.

vikend-predlog-na-patot-kon-ohrid-se-krijat-bozestveni-ubavini-03

За жал, не постојат сместувачки капацитети како би можеле да останете на повеќе денови, но и таа неколкучасовна прошетка ќе ви го подигне нивото на инспирација, креативност, и со полни батерии ќе можете полесно да се вратите на работните обврски.

Од друга страна пак, бидете сигурни дека единствен звук кој ќе го чуете ќе биде шумолот на дрвјата, свирежот на ветрот и песните на птиците.

Во ниеден случај, нема да погрешите доколку се впуштите во авантура и го истражите ова заборавено подрачје, обиколено со високи планински венци.

Би можело да ве интересира:

Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку од градската врева Доколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарув...
Викенд предлог: Дрвена куќичка од бајките во близина на Загреб Дрвената куќичка градена во Хонка стил се наоѓа во малото местенце Миркополе, ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg