Марков манастир – убавина зачувана со векови за совршено бегство од градската џунгла


Марков манастир – убавина зачувана со векови за совршено бегство од градската џунгла

На само 20 km од Скопје ќе пронајдете место за совршен одмор и мир. Марков манастир се наоѓа на левиот брег од Маркова Река, јужно од селото Маркова Сушица.

Markov-manastir-ubavina-zacuvana-niz-vekovi-01.jpg

Манастирот стар 7 векови е во совршена хармонија со природата. Пејзажот е како излезен од илустрирана сликовница, со уредно среден двор.

Жуборењето на Марковата река ќе ви предизвика спокојство какво што не сте почувствувале одамна.

Во дворот на манастирот има и бунар со подземна вода, мини музеј и галерија со икони. Ќе ја откриете и старата подземна воденица која несомнено ќе ви остави впечаток.

Марковиот манастир има и впечатлива камбанарија како и конаци во кои живее женското монашко сестринство. Токму затоа, овој манастир се нарекува уште и „женски манастир“.

Заштитникот на манастирот е Св. Димитрија. Задолжително побарајте го натписот лоциран над јужниот влез внатре во црквата, кој дава податоци за неговата изградба.

Погледнете ја убавината која се зачувала низ вековите и трае до ден-денес:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Евгениј Хоуп препорачува дестинации низ Македонија за последниот викенд од октомври Скоро секој ден отворам временска прогноза и проверувам до кога ќе имаме пристој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg