„Сите спомени врзани за камп ми се од Градиште, зашто 20 години бевме кампери таму. Секој спомен ми е врзан за камп - од прва љубов до најдобри пријателства, до она дека мајка ми не знаела каде сум - излегувам и се прибирам вечер, во вода си по цел ден...“, вели Миа Костова, која последнава деценија кампува близу Платамона во Грција.