Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите)

Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што наводно можете да ги искусите во некои од „најопседнатите“ замоци низ Европа.

mornichavi-zamoci-niz-evropa-koi-se-veruva-deka-se-opsednati-i-mozhete-da-gi-posetite-01.jpg

Замоците се како заштитен знак на Европа. Ги има во скоро секоја држава и повеќето сведочеле на многу крвопролевање.

Ова, заедно со бројните мрачни ходници и нивната архитектура, ги прави европските замоци совршена инспирација за морничави приказни и легенди.

Веројатно за скоро секој замок постои барем една приказна со духови.

Но, следниве се едни од најпознатите и, според многумина, најопседнатите замоци на континентот:

Замокот Бран во Романија

Ова е најпознатиот замок не само во Романија, туку можеби и во целата Европа. Замокот Бран е поврзуван со грофот Дракула – веќе култниот лик од романот на Брам Стокер.

Всушност, зданието е дури и познато како „замокот на Дракула“ бидејќи во книгата, авторот го опишува домот на Дракула како замок кој премногу наликува на Бран.

Самата градба изгледа навистина морничаво, а посетителите кои веруваат во натприродното велат дека низ ходниците слушале шепотење и некакви гласови.

Најверојатно приказните се инспирирани поради поврзноста на замокот со фиктивниот лик, но ако ве фасцинираат морничави места, вреди да го посетите.

View this post on Instagram

A post shared by Romania (@romania)

Замокот Поенари, Романија

Уште една поврзаност со Дракула, но овој пат со личноста која служела како инспирација за ликот на Брам Стокер.

Озлогласениот владетел Влад Цепеш живеел во замокот Поенари, иако многумина мислат дека негов дом бил замокот Бран.

А, за неговите злосторства сигурно сте слушнале – тој станал познат по тоа што ги набивал неговите жртви на колец и така ги оставал да умрат.

Мрачната историја на градбата ја прави ништо помалку од застрашувачка.

А, постојат легенди според кои внатре уште можат да се слушнат пискотниците на настраданите.

Замокот Шилон, Швајцарија

Шилон е средновековен замок кој се наоѓа на Женевското Езеро во Швајцарија.

Порано, овде имало затвореници кои гладувале и биле измачувани, а токму одовде и морничавите приказни за натприродни појави.

Имено, некои луѓе тврдат дека слушале гласови, но и дури и дека гледале духови, па и предмети кои се движеле сами од себе.

Замокот Хоуска, Чешка

Замокот Хоуска во Чешка е одличен пример за средновековна архитектура, а интересно е што самата историја на градбата е обвиена со мистерија.

Односно, не е точно познато кој ја наредил неговата изградба, а се верува дека црквата која е во склоп на замокот е изградена врз бездна без дно.

Постојат бројни легенди за ова здание, од кои повеќето се стари колку и замокот.

Луѓето верувале дека овде имало заробени демони, а некои посетители до денес тврдат дека слушале гласови и гледале чудни работи во неговата внатрешност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg