„Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „нашето место”. Денот ни почнува рано, со кафе во рака и поглед на морето. Потоа следат капење, прошетки, играње со децата, готвење, риболов. Сместени сме во наша приватна приколка која ја средивме по наш вкус – удобна, функционална и доволно пространа за четиричлено семејство“ - вели Ненад Пантовиќ кој за CRNOBELO.com го раскажува своето искуство од кампувањето.