Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат

Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смеете да го пропуштите. 

Pricini-poradi-koi-mora-da-go-posetite-kotor-01.jpg

Се наоѓа во затскриен дел на Которскиот залив.

Воодушевувачките градски ѕидини говорат за историјата на градот кој и денес зрачи со духот на антиката, изграден помеѓу 12 и 14 век.

Од 1979 година стариот град Котор е на списокот на заштитено културно наследство на УНЕСКО.

Главните споменици и историските области беа сериозно оштетени од земјотресот во 1979 година, но внимателно се обновени и реконструирани под покровителство на УНЕСКО, со што ја задржаа својата историска автентичност.

Според некои извори, најстарата населба во градот датира два милениуми наназад.

Тој е дом на бројни знаменитости, како што е катедралата Свети Трифун во стариот дел на градот, изградена во 1166 година и античките ѕидини кои се протегаат на 4,5 километри директно над градот и водат до тврдината Свети Иван.

Котор претставува една од најпопуларните туристички дестинации во Црна Гора, а рекордна посетеност забележа во 2019 година кога имало над 250.000 туристи.

Стариот град всушност е најпознатиот дел на Котор, каде се зачувани которската историја, култура и традиција, а посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи.

Од која врата и да влезете во градот, патот ќе ве доведе до најпознатото здание – катедралата Свети Трифун од XII век, посветена на заштитникот на градот – Свети Трифун.

Во Стариот град во Котор можете да го посетите првиот Факултет за туризам и хотелиерство, како и неколку музички сали, Центар за култура, галерии.

Уште неколку фотографии:

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg