Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото)
Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова нијанса, а туристите ја опишуваат како најубавата што ја виделе во Европа.

За Македонците, Грција е омилената летна дестинација – покрај тоа што е блиску, цените се колку-толку прифатливи, храната е вкусна, а има и плажи кои се споредуваат и со оние на далечните дестинации, како Карибите.
А, знаевте ли дека во Грција има и розова плажа?
Плажата Елафониси на островот Крит е препознатлива по песокот кој на самиот брег има бледорозова боја. Во комбинација со тиркизната боја на морето, плажата изгледа како од разгледница.
Корисниците на Tripadvisor ја нарекуваат една од најубавите плажи што ги виделе. Морето е топло, има лежалки, а има и паркинг кој чини околу пет евра (иако годинава цената може да е и повисока).
Бидејќи плажата станува мошне популарна, ако сте во шпицот на сезоната, препорачливо е да одите што е можно порано за да си фатите добро место.
Бојата на песокот не е секогаш изразено розова, но туристите велат дека дури и да не ја видите оваа нијанса, плажата вреди да се посети.
Повеќе фотки од розовата плажа на Крит:
Спирова С. | Црнобело
