Родители, внимавајте: Што ви откриваат детските цртежи?

Понекогаш детските цртежи ги гледаме само како игра на лист хартија. Меѓутоа, со кратка анализа многу лесно може да откриете како се чувствуваат најмладите во тој момент.

roditeli-vnimavajte-sto-vi-otkrivaat-detskite-crtezi-01.jpg

Што значат боите на цртежите?

- Црна и виолетова користат децата кои сакаат да преземаат иницијатива и кои се сигурни во себе, но често пати имаат нереални желби.

- Сина боја сакаат дечињата кои се грижливи и уживаат кога се во друштво.

- Црвената боја посебно ја користат децата кои се љубопитни и не сакаат да пропуштат ништо важно.

- Розовата искажува потреба за љубов и почит.

- Зелената е симбол на децата кои сакаат да бидат поинакви, кои си ја сакаат личната слобода, кои се уметнички души и многу интелигентни.

- Жолтата ја одразува интелигенцијата и веселата, топла природа на детето.


Како е позициониран цртежот на хартијата?

- Ако цртежот е на левата страна, детето е приврзано за мајката и минатото.

- Ако цртежот е на десната страна, детето е поблиско со таткото и чувствува потреба да комуницира и да се интересира за иднината.

- Детето кое крупно ги црта предметите и ги позиционира на средината на хартијата е сигурно во себе и цврсто стои на земја.

- Детето кое црта ситни работи по страните и аглите на листот изразува несигурност и неспособност да се носи со проблемите.

roditeli-vnimavajte-sto-vi-otkrivaat-detskite-crtezi-02.jpg

Карактеристични цртежи кои веднаш го откриваат детето

Импулсивно дете: Големи луѓе, брез врат и асиметрија на екстремитетите.

Загрижено дете: Облаци, дожд, птици кои летаат, луѓе без очи.

Срамежливо дете: Мали луѓе, без нос или уста и раце припиени за телото.

Луто дете: Големи дланки и заби, долги раце, вкрстени очи.

Несигурно дете: Чудовишта, мали глави, без раце, косо нацртани.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg