Писмо од еден татко до синот: „Ти си моја инспирација“

Кога ќе го читаш моето писмо, а ти го дадов и ти реков да го отвориш кога светот ќе ти стежне на твоите рамена, а јас нема да бидам покрај тебе, ќе сфатиш многу работи што во минатото ти биле дискутабилни.

pismo-od-tatkoto-do-svojot-sin-ti-si-moja-inspiracija-01

Сѐ она што не си разбрал ќе ти стане кристално јасно и ќе ти ја испие тагата која не знам зошто повторно те мачи. 

Ако си ги послушал моите зборови во главата ова го читаш со ниска самодоверба и без надеж за успех во иднината, но не си во право, не се нервирај, бидејќи секогаш се нервираше кога ќе слушнеше дека јас сум во право, а не ти.

И додека читаш, сега сакам да запомниш некои работи, да ги подвлечеш, скинеш и запишеш некаде на видливо место за секојдневно да те потсетуваат.

Ти си се она што посакував да бидам јас, искрен да бидам не се чувствував толку способен да те одгледам во најубавото суштество со кое секојдневно ќе ми биде мерак да се гордеам.

Знам дека можеби бев груб, но ми беше прв, демо верзија на моето родителство и секогаш кога ќе плачеше поради моите зборови и постапки, мене душата ми плачеше многу повеќе, но знаев дека морам така ако сакам да те изведам на правиот пат.

Затоа немаш никаква причина да се втурнуваш во лавиринт на безизлезност и да очајуваш, бидејќи те гледав пред мои очи како учеше да чекориш, како учеше да возиш велосипед, свесен ли си колку пати падна?

Но, ти не се откажа, секогаш стануваше и упорно, со инает со лузни на телото продолжуваше да се бориш и да го гризеш животот. Ми беше инспирација да го гледам твоето кревко тело како се бори за да можам и јас да се изборам, за себе и за нашето семејство.

Отсекогаш сум се фасцинирал од таа твоја борба, дури и кога игравме секогаш се трудеше да ме победиш, а ако изгубеше го креваше носот до небото и се лутеше на секоја моја насмевка предизвикана од победата.

Те челичев, можеби некогаш и престрого, си велев не е добро, но сакав пред да заминеш од дома, да бидеш подготвен за светот. Бидејќи тој е премногу груб и премногу строг, многу построг од што бев јас со тебе, тоа сигурно го сфати досега.

И секоја твоја солза ја плаќав со болка на душата, секојпат кога морав да те казнам со шлаканица ме болеше срцето, но морав. Извини, морав.

И секогаш кога ќе те потценев тоа го правев за да го извлечам најдоброто од тебе, тој твој инает да ме победиш ме потсетуваше на приказната со Александар и Филип Македонски, бев фасциниран од тоа колку сакаш да бидеш подобар од мене, тоа не ми сметаше, напротив посакував и сè уште посакувам да ме надминеш, зошто колку и да ти делував како човек кој не ги признава грешките јас правев грешки, многу повеќе од тебе, кои фала му на Бога ти не ги направи.

Затоа сега завиткај го ова парче хартија, залепи го како што ти го дадов и секогаш чувај го за вакви времиња. Пред да завршам сакам да ти кажам уште нешто.

Ти никогаш не треба да се чувствуваш како неуспешен губитник, затоа што уште дента кога те дигнав првпат во моите раце ти беше победник, без да прозбориш, без да направиш било што, ТИ БЕШЕ ПОБЕДНИК.

Колку и да ти е тешко сега и колку и да си паднал, запомни едно нешто, порано паѓаше почесто и стануваше почесто, што е уште еден нов предизвик за тебе...

Знам дека ќе успееш!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg