За забавно лето: Активности што може да ги правите со вашите деца

Цртање, пливање, летни игри на отворено - сите деца го обожаваат летото. Ако ова лето не одите на одмор, постојат и други начини како вашите деца да се забавуваат и да уживаат во летните активности.

za-zabavno-leto-letni-aktivnosti-shto-mozhe-da-gi-pravite-so-vashite-deca-01_copy.jpg

Нив сигурно нема да им биде забавно ако седат дома и деновите ги поминуваат пред компјутер или телевизор. Направете им го ова лето интересно и полно со возбуда.

Ние имаме неколку предлози:

Одете на базен

Поминете еден ден со децата во некој базен во градот или пак, ако немате вие, одете на гости кај некој што има базен на дување во дворот. Не го заборавајте кремот со заштитен фактор.

Направете календар со активности

На лист направете неделен или месечен календар во кој ќе ги запишувате плановите со активности. Организирајте заедничко гледање филм дома, пикник во дворот или во парк, или дружби со нивните другарчиња кај некого на гости.

Цртајте

Земете листови од блок, молив, боички или фломастери и создадете некое уметничко дело. Можете и да боите во боенка, децата во детска, а вие во боенка за возрасни.

za-zabavno-leto-letni-aktivnosti-shto-mozhe-da-gi-pravite-so-vashite-deca-02.jpg

Носете ги на пазарување

Кога времето е многу топло, однесете ги децата во супермаркет или низ продавници во трговски центар, на затворено каде што има клима. Тие ќе уживаат додека разгледувате што да купите за дома. Секако, радоста ќе биде поголема ако и тие си одберат нешто за нив.

Направете нешто заедно

Одберете некој туторијал за нешто што можете да си го направите сами. Така децата креативно ќе го исполнат времето и ќе создадат нешто корисно за дома. Земете стари весници, саксии, облека што не ви треба и започнете со работа.

Гответе

Децата се одлични помошници во кујна, а и искрени се кога кажуваат дали нешто им е вкусно или не. Заедно згответе нешто едноставно, како на пример мафини кои тие ќе ги украсат или пица.

za-zabavno-leto-letni-aktivnosti-shto-mozhe-da-gi-pravite-so-vashite-deca-03.jpg

Играјте друштвени игри на отворено

Излезете во дворот и играјте некоја интересна игра: карти, монопол, Твистер или некоја игра што сами ќе ја измислите.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg