Алергија на татковци од типот „Стани ќерка ти плаче!“ - „Не можам, пијам пиво!“

Неодговорни, бесчувствителни и себични... За жал има и вакви „татковци“, кои улогата родител ја сведуваат на ДНК поклопување.

alergija-na-tatkovci-od-tipot-stani-kjerka-ti-plache-ne-mozam-pijam-pivo-01.jpg

Декември мириса на печени костени, на заокружени проекти, но и на веселби... На тон најубави поводи за славење, меѓу кои и славите, се разбира.

Токму од една сцена на таква посна слава со рипчиња, салатки и гравче, умот си го омрсив од сите гнасотии што ги помислив за еден човек, за еден татко ако смеам така да го наречам, а да не фрлам сенка на значењето на овој прекрасен збор.

Неговата сопруга која трчаше по хиперактивното синче го замолува најфино да стане да се погрижи за нивното мало девојче, кое плаче од сета таа гужва и врева пикнато во еден агол од собата. А тој, мртов ладен вели: „Ах, не можам сега, пијам пиво!“

alergija-na-tatkovci-od-tipot-stani-kjerka-ti-plache-ne-mozam-pijam-pivo-02.jpg

Мислев се шегува и ќе стане за некој миг, но не, тој како статуа без ниту најмала трага од грижа на совест на лицето си го надигна пивото и се посвети на муабетот што се вртеше на масата, додека неговото мало девојче врескаше во аголот.

Толку „нељубов“ зрачеше оваа ситуација што некако мака на душата ми стана.

Но, уште помака ми стана кога мајката на ова изреагира сосема ладнокрвно, изгледа е стандардно сценарио во нивниот брак, па со синчето во едната рака појде накај ќерката и како експерт за мултитаскинг (нели ние жените сме познати по тоа) успеа да ја смири хаотичната ситуација. 

Браво мајко, браво кралице! Но, што правиме со овој дворски шут покрај кој си одлучила да го минеш животот?

Дали тој ја заслужува титулата татко на твоите деца, твој сопруг и во добро и лошо или е само еден „лешинар“ кому му ги переш алиштата, му готвиш ручек, му менуваш постелнина додека тој гледа фудбал, живее како ерген без никаква претстава за одговорностите што ги носи семејниот живот и се пои од сопствената себичност?

Да, да, пивото е поважно од солзите кои се тркалаат на лицето на неговата малечка. Сопругата дури си ја гледа на косо што вака се обиде да му го упропасти раатот.

Па тој работи секој ден по 8 часа на денот, носи пари дома и секој миг по тие 8 часа му е миг за одмор.... Ама проблемот е друг, неговата сопруга исто така работи 8 часа на ден, но работа многу понапорна од неговата, работа многу поплатена од неговата, плус на сето тоа е мајка и домаќинка со полно работно време.

Нема правдина, а има мир... Е па, како така? Изгледа оваа способна жена одлучила да престане да се бори со ветерници и ставила сѐ на сопствените плеќи за да го задржи мирот во домот.

Таа е уморна да го моли конечно да ги презеде своите обврски, да го учи дека татковството не е само ДНК поклопување, туку вложување, љубов, посветеност и пожртвуваност за тие мали, беспомошни суштества кои си ги донел на овој свет.

Очите ѝ немаат сјај дека овој дворски шут некогаш ќе се освести и ќе започне да ѝ биде брачен партнер, а не товар.

Ало „татко“, да, ти, што мислиш дека само да ги направиш децата е доволно, ти човеку без емоции освести се додека не стане предоцна. Тоа дете зависи од тебе и од твојот вложен труд е предодреден неговиот живот.

Воспитувањето што ти ќе му го дадеш ќе го направи достоен или недостоен човек. Лекциите што ти ќе му ги одржиш ќе му помогнат по кој пат да фати во животот.

Не чекај да наполниш 70 години, па староста да ти го отвори умот за што сѐ си можел да направиш поинаку. Немој еден ден да бидеш истоштен старец, кој со празно срце и срам на лицето ќе оди кај своите пораснати деца и ќе бара прошка за сета љубов што им ја скратил во текот на животот.

Тогаш, тие ќе бидат возрасни индивидуи, кои и нема да имаат некоја огромна потреба од тебе, покажи се сега додека се мали и зависни и за нив живот значиш, за утре да не ти даваат прошка затоа што, ете, на крајот од животот си се освестил, па мораат, туку да ти се јавуваат да ти кажат дека си најдобриот татко на светот затоа што едноставно сакаат, ти си направил да сакаат.

Животот се случува овде и сега, а децата се најважното нешто што го имаш!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg