Зошто децата сакаат да им читате иста книга повторно и повторно?

Иако вашето дете има вистинска детска библиотека со многу наслови, тоа цело време бара да му се чита само една, конкретна приказна.

zoshto-decata-sakaat-da-im-chitate-ista-kniga-povtorno-i-povtorno-01.jpg

Со помош на читањето им помагате на децата да се научат на интонацијата на мајчиниот јазик и да го збогатат вокабуларот, но може да ви стане навистина здодевно ако секоја ноќ ја читате „Трите прасиња“.

И додека устата ви „фаќа пена“, а мозокот веќе ја знае приказната напамет, сигурно сте се запрашале зошто вашето дете толку ја сака баш таа приказна, а одбива други.

Децата сакаат повторување

Секое дете учи на начин што го повторува она што го гледа. Кога ќе му се допадне некоја приказна, сака и тоа да ја знае, но не знае самото да си ја прочита.

Како што растат децата, така се шират и нивните интереси. Бидете свесни дека за една до две години, вашето дете воопшто нема да сака ни да чуе за „Трите прасиња“, туку ќе сака да му читате и раскажувате и други приказни.

Колку се помлади, децата преферираат повторувачки акции, поради нивната потреба да научат нешто што подобро. Понатаму, самите ќе бараат повеќе.

zoshto-decata-sakaat-da-im-chitate-ista-kniga-povtorno-i-povtorno-02.jpg

Како учат од повторувањето?

Иако вам ви се чини како здодевна акција, повторувањето на децата им помага во својот мозок да ги запамтат зборовите, да ги врзуваат во реченици и да ги поврзуваат со нивното значење.

За нив, тоа е комплексна информација, па со повеќе повторувања, им станува појасна и посварлива. Токму поради тоа, децата често имаат омилена приказна, песничка или цртан филм, а тие околу нив полудуваат поради постојаното повторување.

Сепак, нема простор за лутење и убедување во нешто друго, бидејќи тоа им е единствен начин полесно да запомнат поголема количина информации.

zoshto-decata-sakaat-da-im-chitate-ista-kniga-povtorno-i-povtorno-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg