Трикови за полесно успивање на бебето кои ќе ви заштедат време и нерви
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трикови за полесно успивање на бебето кои ќе ви заштедат време и нерви

Кога имате мало дете, не е воопшто лесно да си го организирате времето и да останете одморени, а притоа да завршите сè што е потребно.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-01.jpg

Покрај многуте предизвици, еден од најтешките е успивањето на детето, кое може да одзема многу време и труд.

А, уште полошо е кога детето не спие цврсто, па ве буди по неколку пати во ноќта, заради што вие сте преморени, а и детето се мачи.

Затоа, доколку веќе не знаете како да си помогнете, време е да пробате неколку трикови за кои многумина велат дека ќе ви помогнат детето да заспие побрзо и ќе ви овозможи добар сон на двајцата.

Неколку трикови кои може да ви бидат од корист:

Завиткајте ги удобно

Во периодот од раѓање до 6-иот месец, бебињата често имаат нагли движења на рацете во сон, што може да ги разбуди.

Затоа, завиткајте ги удобно, за да спречите нагло мрдање што ќе им помогне да спијат поцврсто.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-02.jpg

Топла бања пред спиење

Топлата бања пред спиење е одлична техника која треба да ја вметнете во секојдневната вечерна рутина, а бебето ќе се навикне дека откако е избањато, следи време за спиење.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-03.jpg

Регулирајте ја температурата во собата

Оптималната температура во собата на бебето треба да биде од 18˚С до 21˚С, бидејќи кога е посвежо полесно заспиваат.

Шум/бучава/звук за спиење

Откријте на кој шум или звук детето најлесно заспива, дали тоа е звукот на капките дожд, бранови,  на фен, на бучавата од правосмукалка или било што друго и снимајте го или најдете музика која го имитира тој звук, па тоа ќе ви помогне побрзо детето да заспие во секое време.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-04.jpg

Тактички менувајте ги пелените во текот на ноќта

Пред да го доите детето во текот на ноќта, сменете му ја пелената и ставете го на спиење повторно. Доколку му ја менувате пелената по оброкот, до тогаш може целосно да се расони и потешко да заспие повторно.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-05.jpg

Креветчиња блиску до вас

Најдобро е во првите неколку месеци креветчето на бебето да биде до вашиот кревет, а уште подобро ако имате мали подвижни креветчиња.

Така, бебето полесно ќе заспие во било која просторија, ќе биде поблиску до вас, и ќе ви биде полесно побрзо да го смирите доколку се разбуди во сон, отколку да мора да одите до другата соба и дотогаш веќе да е расонето.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-06.jpg

Намалете го времето поминато пред екран пред спиење

Исто како кај возрасните, така и кај бебињата треба да се применува истата техника и да избегнувате да гледа во било каков екран 2 часа пред спиење.

Избегнувајте контакт со очи додека го успивате

Контактот со очи е првото нешто што бебињата го учат за комуницирање и препознавање луѓе, па истиот испушта хормон кој го забрзува чукањето на нивното срце.

Затоа, кога го успивате, избегнувајте контакт со очи и најдобро е и вие да се преправате дека спиете за да му дадете до знаење дека треба истото да го направи.

trikovi-za-polesno-uspivanje-na-bebeto-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои работи не вреди да ги купувате пред бебето да се роди? Многу парови кои очекуваат дете имаат навика да изнакупуваат сè и сешто уште пре...
Работи што воопшто нема потреба да ги купувате пред раѓањето на вашето... Секој родител сака да му го овозможи најдоброто на своето дете, па не чудно што ...
4 начини како да создадете Монтесори катче за вашето дете Првата соба на вашето дете е многу возбудлив проект. Мебел, опрема, тематски укр...