Водич за родители: Како да спроведете дисциплина без да изгубите трпение?

Се чини дека моќта е во нивни раце уште од моментот кога ќе се родат. Без разлика дали учат да одат или да возат велосипед, децата имаат вродена волја да биде по нивно - и тоа е здраво и правилно.

Sprovedete disciplina bez da izgubite trpenie 01

Но како што растат, желбата за спроведување на сопствената волја може да ги исцрпи родителите и да се претвори во борба за превласт.

Свесноста на детето за тоа што сака, а што не постојано расте - затоа е важно родителите да растат и еволуираат заедно со своите деца и нивните потреби.

Клучно е да се има реални очекувања за да може подобро да се справиме со нивното однесување.

Прилагодете ги очекувањата

Треба да бидете реални и свесни што може да очекувате од одредена возраст. Не грижете се, ова не значи да се помирите со нивното лошо и неприфатливо однесување, туку дека стандардите и вредностите што се почитуваат во семејството никогаш не се забораваат.

На пример, ако вашето дете не сака да ги собере играчките покажете трпение, прашајте зошто не сака да го стори тоа и потсетете го дека едно од семејните правила е соработката помеѓу сите во домот.

Почитувајте ги своите правила

Ако едно правило е доволно важно да се постави и една задача е доволно важна да се исполни, родителите треба постојано да ја надгледуваат усогласеноста со првото и извршувањето на второто.

Важно е да очекувате дека децата ќе укажат на какви било недоследности од ваша страна, па затоа бидете убедливи правејќи го самите она што го барате од нив, особено ако се работи за семејно правило.

Објаснувајте и образложувајте

Кога децата се на возраст од три или четири години се развива разумот и нивната способност да размислуваат, па може да се очекува полесно да прифаќаат едноставни барања поставени од страна на родителите.

Детето на оваа возраст ја разбира својата улога кога ќе му кажете, на пример, дека е доволно возрасно да ви помогне околу домашните обврски. Доколку наидете на отпор, образложете ги причините поради кои барате да направи или не направи нешто.

„Симни се од столицата, може да се повредиш“ е едноставно и разбирливо објаснување.

Ценете го обидот на детето

Секогаш кога детето ќе го направи тоа што се бара од него, па дури и само да се обиде дајте му на знаење дека го цените трудот. За да се поттикне соработка и усогласеност, родителите треба да покажат благодарност - таа има моќ да ги мотивира нашите деца бидејќи во основа тие сакаат да ги задоволат своите родители.

Објаснете го односот родител - дете

Исто како што треба да имаме реални очекувања кои одговараат на возраста на нашите деца, така нашите деца треба да имаат јасни очекувања кои се во согласност со нашата улога во нивниот живот.

Објаснете му на своето дете: "Како твоја мајка/татко, го имам последниот збор за тоа што можеш и не што не можеш да правиш. Тоа е дел од мојата работа и очекувам дека понекогаш нема да се согласиш со мене. Но, можам да ти ветам дека: јас ќе бидам строг/а кога треба да бидам, флексибилен/на каде што можам, и секогаш ќе слушам што имаш да кажеш. "

Неопходно е да ги промениме нашите очекувања за да останеме во чекор со нашите деца. Ако родителите успеат да се прилагодат на променливите потреби на децата, а истовремено да се почитуваат семејните стандарди, сигурно е дека децата ќе бидат изведени на вистинскиот пат.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg