Што да правите кога детето ќе почне да пребира храна?

Устата широко отворена, а очињата светкаат од возбуда поради новиот неочекуван, но убав вкус - ако имате среќа, вака изгледа секој оброк на вашето дете до неговата втора година. Но тогаш, ненадејно, тоа почнува да одбива храна.

shto-da-pravite-koga-deteto-kje-pochne-da-prebira-hrana-001.jpg

Нормално е да се грижите. Се прашувате дали правите нешто погрешно и зошто се случува оваа промена.

Причините со многубројни и комплексни:

1. Вашето дете станува понезависно

Тоа оди и почнува да зборува, а со тоа доаѓа и чувство на независност и свеста да го следи ова чувство. Без разлика дали му се допаѓа одредена храна, детето може да одбие да ја отвори устата, да избега, да плаче во знак на протест или да ги направи сите овие работи одеднаш.

2. Вашето дете станува поинтуитивно

Почнува да забележува дека „добрата“ храна е слатка, а останатата е зелена. Многу бебешки каши комбинираат зеленчук со слатки намирници како банана, јаболка или круша, затоа децата растени со таква храна претпочитаат слатки вкусови.

Кога на тоа дете ќе му понудите зеленчук, тоа веднаш ја забележува разликата и го одбива. Родителите имаат тенденција да ги пренесуваат своите преференци на сопствените деца - не заборавајте дека јадењето е научено однесување уште од првата лажичка.

shto-da-pravite-koga-deteto-kje-pochne-da-prebira-hrana-02.jpg

3. Вашето дете учи што сака, а што не сака

Одредени текстури може да му пречат. Може да се случи да одбива нешто премногу крцкаво или премногу меко или премногу жилаво… Пребирливоста не е проблемот, туку начинот на кој се справувате со неа.

Но, што може да направите во врска со ова?

- Постојано внесувајте нови вкусови

Дали сте знаеле дека 25% од мајките нудат одредена храна на своите деца еднаш до два пати пред да заклучат дали му се допаднала на детето или не?

Допирање на храната, мирисање, играње со неа и плукање се дел од нормалното истражувачко однесување на децата пред да прифатат одреден вкус.

На некои деца им е потребно подолго време, па затоа не престанувајте да се обидувате.

shto-da-pravite-koga-deteto-kje-pochne-da-prebira-hrana-04.jpg

- Заборавете на своите аверзии

Понудете му на детето спектар на вкусови независно од вашите лични преференци или аверзии. Ако вие не можете да помирисате магданос, не значи дека и вашето дете ќе го одбие.

- Не надоместувајте за пропуштените оброци со брза храна

Ако вашето дете одбива да јаде бидејќи понудените опции не му се допаѓаат, најголемата грешка што може да ја направите е да дозволите да јаде брза храна само за да се најаде.

Со време, овие празни калории може да прераснат во лоши навики и нездрав живот. Ваше е да наметнете правилна исхрана што ќе придонесе за нормален развој кај детето.

shto-da-pravite-koga-deteto-kje-pochne-da-prebira-hrana-03.jpg

- Не форсирајте чиста (празна) чинија

Разбирливо е да се грижите за тоа дали вашето дете внесува сè што му е потребно, но избегнувајте да го терате да изеде се до последен залак.

Тоа не е негов обид да ве изнервира или однесување од инает, детето едноставно сè уште учи и се уште многу работи за него се нови.

Прифаќањето на храната кај децата бара време и е совршено нормална фаза во нивниот развој. Токму затоа, присилувањето да ја испразнат чинијата може да придонесе да ја изгубат мерката за ситост, што од друга страна може да доведе до прејадување.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg