Како изгледа животот на семејството со 19 деца и 9 внуци?

Џил и Кели Бејтс од Тенеси имаат едно од најголемите семејства во светот - тие имаат 19 деца (9 синови и 10 ќерки) и 9 внуци.

kako-izgleda-zhivotot-na-semejstvoto-so-19-deca-01.jpg

Во првите 15 години од нивниот брак, Кели била бремена секоја година.

Гордиот 53-годишен татко Џил има своја компанија, а во работата му помагаат остарите синови.

Интересно е што ова семејство никогаш не барало помош од државата и тие веруваат дека децата се божји благослов.

Секое дете си има свои задачи и помага во домашните обврски. Џил и Кели велат дека нивните деца се изгледани според христијанските вредности и сите ги ценат соработката и трпението.

kako-izgleda-zhivotot-na-semejstvoto-so-19-deca-02.jpg

Парот планира да има уште деца и не сакаат кога ги прашуваат дали некогаш ќе престанат со тоа.

„Ќе имаме многу повеќе деца ако ни дозволи Бог. Децата се благослов, а нам Бог нѐ благослови многу, многу пати“, вели Џил.

Парот е во брак 31 година, а најстарото дете е 29-годишниот Зек. Најмлад е нивниот 6-годишен син, Џеб. Домот на ова семејство има 5 спални соби, 8 бањи, 2 кујни и огромна трпезарија со маса долга неверојатни 4 метри.

kako-izgleda-zhivotot-na-semejstvoto-so-19-deca-03.jpg

Големиот дел од облеката си го прават самите, а никој не сака да има телевизор во неговата соба. Па, слободното време најчесто го минуваат играјќи игри, пеејќи или свирејќи некој инструмент.

За време на викенд, членовите на семејството посетуваат постари луѓе, бидејќи сакале, како што велат самите, да шират позитивна енергија.

kako-izgleda-zhivotot-na-semejstvoto-so-19-deca-04.jpg

Компанијата на Џил работи со дрводелство, а му помагаат постарите синови. Кели, пак, останува во домот и ги подучува најмладите деца.

Парот вели дека нивните деца се одговорни и се грижат едни за други. Шест од нив веќе имаат свои семејства, па сега Џил и Кели имаат и 9 внуци.

Џил и Кели се запознале во 1986-та година на факултет, а се венчале наредната. Набрзо по свадбата, Кели останала бремена.

„Кога бев млада воопшто не сакав деца. Сакав кариера. Но, со текот на времето, Бог ми го промени срцето“, изјавува Кели.

kako-izgleda-zhivotot-na-semejstvoto-so-19-deca-05.jpg

На нивните деца воопшто не им пречи што нивното семејство е толку големо.

„Отсекогаш сакав да имам многу браќа и сестри. Секогаш имате некој со кој можете да си играте, секогаш имате пријател. Не знам како е да бидеш осамен“, вели најстариот син, Зек.

За жал, после 16-тото дете, Кели имала и два спонтани абортуси. Ова бил еден од најтешките периоди во нивните животи.

Бидејќи засега ќерките се побројни момчињата, децата на шега велат дека мајка им мора да роди уште еден син, за да има рамнотежа.

Семејството има и веб-сајт каде што луѓето од целиот свет можат да им помогнат. Всушност, многу луѓе со задоволство им помагале, бидејќи во нив гледале надеж и храброст.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg