„Доењето ми ги уништи градите“ - Реченици што ниту една доилка не сака да ги слушне

Мајките кои дојат честопати се соочени со несоодветни прашања и изјави кои не се пријатни за слушање. 

rechinici-shto-nitu-edna-doilka-ne-saka-da-gi-slushne-01.jpg

Ова се неколку реченици што ниту една доилка не сака да ги слушне и кои воопшто не треба да ги кажувате:

„Мислиш дека бебето се најаде доволно?“

Ниту една доилка не може да знае дали бебето изело доволно, затоа што не може да добие повратна информација од него.

Затоа, мајките што дојат инстинктивно се обидуваат да разберат дали бебето добило доволно млеко.

rechenici-shto-nitu-edna-doilka-ne-saka-da-gi-slushne-02.jpg

„Дали бебето повторно е гладно?“

Бебињата не сакаат да цицаат само кога се гладни, туку и кога им е потребна блискост со мајката, кога треба да се смират и, на пример, ако не можат да заспијат. Тоа е причината зошто за мајката не постои одреден број колку пати ќе го дои своето бебе.

Мајката ќе му понуди млеко на бебето секогаш кога нејзиниот инстинкт ќе ѝ каже дека треба.

Recenici sto nitu edna doilka ne saka da gi slusne 01

„Доењето ми ги уништи градите!“

Мајката што дои не сака да слушне негативни работи за тоа како доењето може да ѝ ги уништи градите.

Тоа е како да изгубите 20 килограми и на вашата пријателка, која исто така се обидува да ослабe, ѝ кажете: „Изгубив 20 килограми, но сега мојата кожа ужасно виси“.

Покрај тоа, истражувањата покажале дека опуштените гради се последица од бременоста, а не од доењето.

„Зарем бебето не е премногу големо за доење?“

Колку долго мајката ќе го дои своето бебе, само таа треба да одлучи. Ако некој не се согласува со неа, тоа е негов проблем.

Американското здружение на педијатри препорачува мајките да го дојат своето бебе во текот на првата година од животот и да продолжат со доењето онолку колку што сакаат.

rechenici-shto-nitu-edna-doilka-ne-saka-da-gi-slushne-03.jpg

„Ако бебето цица секогаш кога ќе посака, ќе го разгалиш!“

Бебето не може да се разгали со доењето. Некои новороденчиња цицаат на секој час, а некои на секои три часа. Нормално е новороденчето да цица помеѓу 8 и 12 (или повеќе) пати во текот на 24 часа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg