Колку повеќе им даваме на децата – толку помалку се способни и имаат желба за нешто

Сите сакаме да ги усреќиме своите деца. Им го посакуваме само најдоброто, но понекогаш ни се случува да ги вклучиме сопствените приоритети во туѓите животи.

Kolku-povekje-im-davame-na-decata-tolku-pomalku-se-sposobni-01.jpg

Нашата работа како родители и воспитувачи (без обѕир на тоа колку звучи банално) е да ги научиме децата да учат. Треба да ги научиме да ги најдат потребните информации, да ја препознаат вистината од лагата, како да ги поминат пречките со најмалку штета – како физичка, така и морална.

Сфатете дека треба да ги научите, а не да направите сè наместо нив: немојте да им давате готови решенија, не правете го за нив возможното и невозможното, не се жртвувајте заради нив, не ги разгалувајте – само сакајте ги.

Понекогаш е полесно да направите сè сами, а задоволство е кога ќе го дадете максимумот од себеси. Но … колку повеќе им даваме на децата, толку повеќе умеат и посакуваат нешто.

Децата се пред сè луѓе, a на сите луѓе од прејадување им станува мачно. Немојте да ги затрупувате со нешта што ги спречуваат да растат и да се развиваат.

Треба да им го дадете само она што навистина ќе им помогне да пораснат и да станат независни. Впрочем, сите тие без разлика дали порано или подоцна ќе пораснат и ќе посакаат нешто повеќе.

Сакаат свое семејство, свои пари. Сакаат да ги одбранат своите мислења и да ги прават работите по свое. Дали ова навистина ќе биде така, во голем дел зависи од вас.

Ова се најважните работи при формирање на карактерот кај децата:

Почетна физичка самостојност

Без разлика дали станува збор за првите чекори, првото јадење, одењето во тоалет, бирањето играчка во продавница, качување по скали или скок во базенот – штом ќе видите дека детето е подготвено да проба нешто само – дозволете му.

Немојте да го терате да работи нешто по ваша волја, туку пуштете го да оди по својот пат. Предупредете го на последиците, но не правете сè наместо него.

Доволно активност

Запаметете дека само активноста создава енергија, а неактивноста ја убива. Не им дозволувајте на децата да бидат мрзеливи. Не си дозволувајте и себеси да бидете такви.

Бидете им добар пример. Шетање, планинарење, спорт – сето ова им е потребно на децата, како и воздухот што го дишат. Без ова, тие престануваат да бидат деца.

Мирна и спокојна домашна атмосфера

Ова е навистина многу важно. Доколку ситуацијата во домот е напната, не може да стане збор за детска самоувереност и независност. Домот е место каде што детето го сакаат и желно го исчекуваат.

Имајте го само тоа на ум. Обидете да не го внесувате немирот од надворешниот свет во домот, не викајте и не разговарајте на висок тон, особено за своите неуспеси и грешки.

Семејни навики и разговори

Толку е убаво кога целото семејство ќе седне заедно и води жив, интересен разговор. Кога младите ги слушаат искуствата на постарите и учат од нив, кога старите не ги спречуваат младите да го искажат своето мислење. Тоа е размена која дава сила и им помага во донесувањето на правилни одлуки.

Јасна граница на она што е дозволено и обединување во вашите одлуки

Ова дури и на возрасните значително им го олеснува животот, а камо ли на децата. Не ги менувајте своите одлуки како чорапи: не бидете двосмислени. Не носете различни одлуки. Однапред договорете се и замолете ги и останатите членови на семејството да се придржуваат до одредена таквите.

Никогаш немојте да се карате и расправате пред децата. Тоа е тежок удар врз детската психа.

Што уште како родител може да направите за своето дете?

  • Бидете секогаш на негова страна.
  • Слушајте ги, без да ги прекинувате.
  • Намалете ги стресните ситуации.
  • Чувајте им го детството.
  • Патувајте колку што е можно повеќе.
  • Овозможете им да изучуваат странски јазик.
  • Водете здрав живот.
  • Посетувајте музеи, културни манифестации, театри.
  • Учете песни со текстовите.
  • Не им ги проверувајте домашните задачи.
  • Не обрнувајте внимание на оценките на училиште.
  • Направете сопствен, оптимален систем на наградување.
  • Немојте да се плашите да ги казните кога заслужиле (секако не физички)
  • Пофалете го нивниот успех.
  • Немојте да ги омаловажувате за неуспесите.
  • Објаснете им ги причините и последиците.
  • Немојте премногу брзо да носите заклучоци.
  • Немојте да ги срамите и омаловажувате.
  • Зборувајте им ја вистината.
  • Разговарајте со децата за сè што ги интересира.
  • Никогаш не ги споредувајте со себеси или со други деца.
  • Учествувајте во детските активности.
  • Гордејте се со нив и секогаш почитувајте ги.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg