7 начини како да го препознаете мажот кој има стабилен однос со својата мајка

Односот мајка-син уште од раниот период во животот може да влијае на системот на вредности на мажот подоцна во животот.

7-nacini-kako-da-go-prepoznaete-mazot-koj-ima-stabilen-odnos-so-svojata-majka-001.jpg

Па, како ќе го препознаете мажот кој има здрав однос со неговата мајка?

Овој тип на мажи имаат подобри резултати во образованието

Истражувачите откриле дека односот со мајката може да ја одреди успешноста во училиштето и учењето. Поточно, добриот однос со мајката позитивно влијае на помнењето и реагирањето во стресни ситуации.

Избегнуваат неволји и кавги

Момчињата кои како деца развиле добар однос со нивната мајка, подоцна во животот се помалку склони на кавги, неволји и непријатни ситуации.

Имаат поголема самодоверба

Односно, поддршката од мајката во рана возраст создава маж со силни социјални вештини.

Намалена склоност кон стереотипи

Мајката е столбот на физичката и емоционалната поддршка, па затоа мажите кои растеле со здрав однос, не веруваат во стереотипите кои општеството им ги сервира.

Имаат подобра емоционална интелигенција

Здравиот однос со мајката ги учи мажите подоцна полесно да се справат со тешките разговори и животни ситуации, кои од нив побаруваат емоционална интелигенција.

Немаат страв од осамостојување

Растењето и одвојувањето од домот честопати е стресно искуство. Но, мајките кои израснале стабилни мажи не се плашат за осамостојувањето на нивните деца, ниту обратно.

Имаат добар однос кон другите жени

Повеќе од очигледно е дека мајката е првата жена со која секој маж воспоставува однос и тој однос го одредува тонот на секој нареден контакт со жена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg