Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си ветил“

„Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат заедно. Не е совршенство, туку одлука да останеш верен на она што си го избрал и кога не е лесно и кога ќе се изгуби сјајот, но ќе остане заветот...“

otec-dushan-blagojevikj-vo-brakot-bidi-ti-onoj-shto-ostanuva-ne-zatoa-shto-e-lesno-tuku-zatoa-shto-si-vetil-01.jpg

Мотивацискиот говорник Душан Благојевиќ од Србија на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 253.000 следбеници, постојано споделува мудри мисли, а сега го сподели својот став на тема брак.

otec-dushan-blagojevikj-vo-brakot-bidi-ti-onoj-shto-ostanuva-ne-zatoa-shto-e-lesno-tuku-zatoa-shto-si-vetil-03.jpg

Душан вели:

„Бракот не е награда за оние што пронашле совршен човек.

Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат заедно.

Затоа што бракот не е избор на совршенство, туку одлука да останеш верен на она што си го избрал и кога не е лесно, и кога не чувствуваш исто, и кога ќе се изгуби сјајот, но ќе остане заветот.

Свети Јован Златоуст вели:

„Не постои ништо посилно од маж и жена кои се побожни и прилепени еден кон друг како едно тело, како да се едно битие...“

Во време кое сè мери преку допадливост, моментално чувство и лична корист, бракот станува реткост.

Затоа што бара нешто што светот не го сака - посветеност, простување, понизност, секојдневно умирање на себе.

Психолошки гледано, бракот е најдлабокото огледало во кое ги гледаме и нашите доблести и нашите рани.

Духовно гледано, бракот е крст, но и пат кон спасение.

Не затоа што е лесен, туку затоа што нè учи како да сакаме како Христос - несебично, тивко, до крај.

Затоа не барај го оној кој никогаш нема да те повреди.
Барај го оној кој со тебе ќе знае да се покае, да се врати, да остане.

И биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си ветил.

Ако оваа порака те потсети што навистина е бракот, зачувај ја во срцето.
А ако знаеш некој што се двоуми, се сомнева или бара смисла - сподели му ја, зачувај ја или остави трага во коментар.

Ти благодарам на вниманието, ти благодарам што си тука,
Твој Душан“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
„Нема да купувам новогодишни подароци, дури ни за моите деца – не им требаат нови играчки што на кра... „Секој треба да отиде до локалната депонија за да ги види планините од ѓубрето ш...

Најчитани неделава