„Нема да купувам новогодишни подароци, дури ни за моите деца – не им требаат нови играчки што на крај ќе ги фрлат“
„Секој треба да отиде до локалната депонија за да ги види планините од ѓубрето што го фрламе секој ден. Кога јас ги видов, се заколнав дека никогаш повеќе нема да купам подарок за Нова година и Божиќ“.

Со години наназад, и кај нас е тренд да се купуваат подароци за Божиќ и Нова година. Сепак, и целата приказна за Дедо Мраз се фокусира токму на подароци.
Па, сите чувствуваат притисок да купуваат подароци не само за своите деца, туку и за блиските и неретко трошат многу повеќе од планираниот буџет за празничната сезона.
Сето ова, пак, создава дополнителен стрес.
Британската новинарка Кејт Вилс во колумна за The Sun пишува дека веќе нема да го следи овој тренд и дека нема да купи подароци дури ни за нејзината деца.
Нејзината колумна во продолжение:
Има едно нешто што мислам дека секое семејство да го направи пред Божиќ. И не, тоа не е фотографирање со Дедо Мраз или некој зимски забавен парк.
Наместо тоа, секој треба да отиде до локалната депонија за да ги види планините од ѓубрето што го фрламе секој ден.
Глетката е отрезнувачка и кога последен пат ја видов, се заколнав дека никогаш повеќе нема да купам новогодишен подарок.
Никогаш не сум уживала во празничниот шопинг – не бидејќи не ги сакам луѓето во мојот живот, туку бидејќи љубовта не се покажува со купување шишенце мирислива купка.
И покрај ова, со децении лутав по продавници за соодветни подароци.
Но, сега сфатив дека е доста и оваа година не купувам ниту еден подарок – дури ни за моите деца.
За мене, ова е логична одлука, кога ќе се земе предвид дека имаме повеќе предмети отколку што ни требаат и дека многу подароци ќе завршат на депонија.
Според истражувањата, само 1% од подароците купени во празничната сезона се користат подолго од шест месеци.
Друго истражувањето покажало дека празничниот шопинг може да биде постресен од гледање хорор-филм или полагање испит.
Покрај тоа, ова е стрес што скоро секогаш „паѓа“ врз жените.
Една анкета покажала дека 93% од жените се одговорни за купувањето на сите подароци во нивното семејство, а јас имам пријателки кои самите си ги купуваат, па и си ги пакуваат подароците за себе и ги ставаат под елка.
Кога пред неколку години му реков на сопругот дека не треба да им купуваме подароци на возрасните членови од нашето семејство, тој беше загрижен дека ќе нè гледаат како себични.
Кога годинава му кажав дека не треба да купуваме ништо ни за децата, беше преплашен.
Но, нашата најстара ќерка, 5-годишната Блејк, има повеќе играчки отколку што ѝ требаат, а нашата помала ќерка, 4-месечната Харпер, само сака да пие млеко и да се гушка.
Која е поентата да купувам нешто што кога-тогаш ќе треба да го донираме или фрлиме?
Сепак, се согласив на мал компромис, па со сопругот на постарата ќерка ќе ѝ купиме работи што навистина ѝ се потребни, како ракавици.
Сигурна сум дека ќе прашува зошто не добила подарок како нејзините пријателки, но ќе ѝ објаснам дека сите семејства слават различно.
И, без сомнение ќе има многу подароци од роднините.
Тоа што не сакам да купувам подароци не значи дека нема да им покажам љубов на моите блиски. На сестра ми ѝ платив за масажа, внукот и внуката ќе ги однесам на лизгање, а на најдобрата пријателка ќе ѝ бидам дадилка една вечер.
Дали можат да ги стават овие подароци под елка? Не. Но, ова се подароци во кои можат да уживаат.
А, и јас не сакам да добивам подароци бидејќи веќе се давам во многуте предмети што ги имам.
Ќе го бојкотирам празничното купувањето и ќе ги искористам парите и времето за мене и за релаксација со семејството.
Спирова С. | Црнобело