„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се откажам од сè“

„Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинато, додека јас требаше да се справувам со трауматично породување и болно новороденче, покрај моето влошено здравје“.

pochnav-da-go-mrazam-soprugot-otkako-dobivme-dete-negoviot-zhivot-si-prodolzhi-a-jas-morav-da-se-otkazham-od-se-01.jpg

„Додека го гледав поранешниот свршеник како безгрижно излегува до болницата за да оди на работа, почувствував презир.

Беше облечен беспрекорно, додека јас бев неуредна и лежев во болничка облека, едвај една недела откако се породив.

Потоа ги гледав фотките што ги сподели, направени само неколку моменти пред царскиот рез. Додека да ме пуштат од болница, почнав да ги забележувам огромните разлики во нашите живти.

Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинато, додека јас требаше да се справувам со трауматично породување и болно новороденче, покрај моето влошено здравје.

Додека бев бремена си продолжив со животот – возев на работа, предавав, истражував, патував. Сè беше во ред, си кажував, и покрај гестацискиот дијабетес и прееклампсијата што ми се влошуваше.

pochnav-da-go-mrazam-soprugot-otkako-dobivme-dete-negoviot-zhivot-si-prodolzhi-a-jas-morav-da-se-otkazham-od-se-03.JPG

Реалноста ме удри во глава кога бев дијагностицирана со HELLP синдром и отидов во болница поради предвремено породување.

Требаше да одморам. Наместо тоа, јас поминав часови пишувајќи и истражувајќи за кариерата на која никогаш нема ѝ и се вратам. Ја молев сестра ми да остане со мене, да пишува за мене, додека свршеникот Крис да се врати од работа.

Докторот предложи царски рез поради мојата здравствена состојба, но акушерките инсистираа да пробам да се породам природно.

Поминаа 12 часа и кога конечно одлучив да го послушам советот на доктор, се соочив со осуди. Дури и Крис ја забележа промената во однесувањето и трпеливоста на болничарите.

Докторот рече дека безбедно е да почекам до следното утро за царски рез, па Крис отиде дома да спие. Не можеше да направи ништо додека чекавме.

Но, осаменоста и студениот однос на медицинските сестри кои останаа со мене беа полоши од физичката болка.

pochnav-da-go-mrazam-soprugot-otkako-dobivme-dete-negoviot-zhivot-si-prodolzhi-a-jas-morav-da-se-otkazham-od-se-05.JPG

Не можев да ја видам нашата ќерка, Мејбл, кога се роди, поради мојата состојба. Не заплака. Помалку од еден час подоцна помодре и ја однесоа на интензивна нега.

Се породив во недела и следните неколку денови едноставно исчезнаа. Моето последно сеќавање е од поранешниот свршеник како излегува од болница и оди на работа.

По три и пол трауматични недели, јас и ќерка ми бевме добри и нè пуштија дома.

Мејбл беше кревка и склона кон проблеми со дишењето и инфекции во наредните две години.

Често повраќаше. Иако беше многу слаба и очигледно во болка, немаше точна дијагноза.

pochnav-da-go-mrazam-soprugot-otkako-dobivme-dete-negoviot-zhivot-si-prodolzhi-a-jas-morav-da-se-otkazham-od-se-02.JPG

Кога Крис стана татко, неговата кариера напредна. Доби унапредување, па стана партнер во неговата фирма и подолго беше отсутен од дома.

Мојата кариера стагнираше. Со болно бебе и никаква поддршка, дадов отказ за да можам да си го продолжам породилното отсуство. Почнав да работам фриленс за да бидам пофлексибилна и да се грижам за Мејбл.

Имаше бескрајни посети на лекар, постојана анксиозност…

Кога ја доби дијагнозата – алергија на млечни производи, соја, домати и пиперки, како и нарушување во исхраната, проблемите исчезнаа.

Но, несомнено, родителството нè награди различно. Крис стана избувлив додека Мејбл имаше проблеми со здравјето.

Јас се повлекував, останував сама со нашето бебе.

pochnav-da-go-mrazam-soprugot-otkako-dobivme-dete-negoviot-zhivot-si-prodolzhi-a-jas-morav-da-se-otkazham-od-se-04.JPG

Се молев дека Крис ќе продолжи да спие кога ќерка ни се будеше навечер. Првите две години од мајчинството беа брутални.

Безброј жени ја знаат оваа приказна во една или друга форма. Живееме во општество кое ја третира платената работа како единствената работа со вистинска вредност.

Од друга страна, грижата за децата се третира како нешто што треба да го завршиме без никакви тешкотии.

Јас се чувствував напуштено, преморено, невидливо и потајно го мразев мојот партнер. Додека мојот живот стана само преживување, неговиот си продолжи нормално.

Овој гнев и овој презир ставија крај на нашата врска. Нашето дете едвај одеше, а јас веќе бев сингл мајка.

Со години не зборувавме за она што се случи кога се роди Мејбл. Болката беше преголема.

Сега, кога ја гледам Мејбл, ни за миг не жалам што се откажав од мојата кариера. Се исплати.

Но, жените лесно може да бидат оставени да носат сè на себе, додека животот си продолжува за некој друг“.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg