Исповед на самохрана мајка од Хрватска: „Возам автомобил стар 21 година, свој стан никогаш нема да можам да купам“
„Да бидеш мајка е тешко, ама да бидеш самохрана мајка е брутално тешко. Јас, нема да имам повеќе деца, а веројатно ни партнер, затоа што искрено – кој има време и желба за состаноци покрај дете на кое му даваш сто проценти од себе“, вели искрено Ана (38), туристички водич од Хрватска.

Ана (38) е туристички водич од Хрватска, но и самохрана мајка на 5-годишен син, која искрено вели дека да се биде самохран родител е претешко.
Таа во емотивна исповед открива како се чувствува и порачува дека е во ред некогаш да немате само позитивни мисли и дека е во ред да ги искажете истите.

Нејзината исповед гласи:
„Јас сум Ана. Имам 38 години и сум самохрана мајка на 5-годишно момче.

Работам како туристички водич за англиски, шпански и руски јазик.
Ја сакам својата работа затоа што сакам да бидам надвор и со луѓе. Да е лесна работа – не е. И ме нервира кога некој ќе каже дека јас само убаво си шетам низ град со луѓе.

Возам автомобил стар 21 година. Го сакам, а и малку троши и ќе го возам додека буквално не му испадне моторот.
Живеам во мало станче во семејна куќа.

Сопствен стан веројатно никогаш нема да можам да купам, но реално – која самохрана мајка денес може?
Не само самохрана, туку и во пар е тешко.

Мајчинството ме распарчи на милион делови и сè уште не сум се составила. Не знам ни дали ќе успеам.
Да бидеш мајка е тешко, ама да бидеш самохрана мајка е брутално тешко.

Ме плаши стареењето...
Да имав малку повеќе пари, сигурно би одела на некои операции, филери и ботокс.

Не можам да поверувам дека имам 38 години и се прашувам каде помина времето, затоа што сè уште се чувствувам како девојка во средно што прави планови за иднината.
Малку е страшно кога знам дека веројатно нема да го имам својот „happily ever after“ за кој сонував од дете.