Исповед на самохрана мајка од Хрватска: „Возам автомобил стар 21 година, свој стан никогаш нема да можам да купам“

Нема да имам повеќе деца, а веројатно ни партнер, затоа што искрено – кој има време и желба за состаноци покрај дете на кое му даваш сто проценти од себе.
Време е, после многу погрешни избори, да се ставам себеси на прво место.

И да додадам....
Јас не сум несреќна или неблагодарна за тоа што го имам, ниту се чувствувам лошо. Имам сè што ми е потребно за живот.
Зборови на охрабрување како „држи се“ или „никогаш не знаеш“ ми звучат како да сум бедна и без покрив над главата и барам маж да ме спаси.
Не е така, девојки – и самите знаете дека не сите бракови и врски се среќни и дека често помислувате дека би сакале да сте сингл, но немате можност или сила да промените нешто.

Не реков дека барам некого, ниту дека тоа ми е приоритет.
А ако на некој му било полошо во животот, тоа не го намалува твоето искуство.
Токсичната позитивност, self-help филозофијата и преголемата „благодарност“ ми се премногу.
По таа логика, не смееш да кажеш ништо лошо за својот живот или да бидеш незадоволен, затоа што „како се осмелуваш“ да имаш барем една негативна мисла – целиот живот ќе ти се сруши.
Лоши работи се случуваат и тоа е во ред. Не сме сите среќни и задоволни секој ден, тоа е невозможно.
И во ред е да имаш лоши мисли – не сме роботи“.
С. С. | Црнобело