„Зарем ден-два за мене се многу?“ - Мајка објаснува зошто не треба да ги посетувате жените кои штотуку се породиле

Раѓањето на детето не е голем момент само за родителите. Бабите, дедовците и речиси сите роднини едвај чекаат да го видат новиот член на семејството.

zarem-den-dva-za-mene-se-mnogu-majka-objasnuva-zoshto-ne-treba-da-ja-posetuvate-zhenata-koja-samo-shto-se-porodila-01.jpg

Но, во целиот овој хаос, речиси сите заборават на личноста на која ѝ е потребно најмногу внимание – мајката.

Кејти Боуман е мајка на три деца и решила да им каже на сите колку е важен одморот за новите мајки.

Нејзината

?__tn__=K-R" target="_blank" rel="noopener noreferrer">објава ја прочитале илјадници жени и секоја од нив се согласува дека на мајката навистина ѝ е потребен одмор неколку дена по породувањето и дека сите останати би требало да ѝ го овозможат тоа.

zarem-den-dva-za-mene-se-mnogu-majka-objasnuva-zoshto-ne-treba-da-ja-posetuvate-zhenata-koja-samo-shto-se-porodila-02.jpg

Сликата навистина вреди 1.000 зборови.

Ова сум јас, околу 24 часа откако го родив моето најстаро дете. Не знам кој ја направил фотографијата, но кога ја гледате сигурно знаете како се чувствувам.

1 или 2 дена. Зарем тоа е многу?

1 или 2 дена за мајката да се помири со фактот дека од нејзиното тело излегол мал човек. 1 или 2 дена за конечно да се истушира. 1 или 2 дена да се справи со болката од брадавиците додека учи да дои. 1 или 2 дена барем малку да се наспие бидејќи е вистински преморена.

Пред да станете мајка, сте поминале низ едно од најболните, најзаморните и најневеројатните искуства во вашиот живот. Породување. Зарем сите заборавиле какво влијание може да има тоа врз емоционалната и физичката благосостојба? Последното нешто што го сакате тогаш е сите да влегуваат во вашата соба пред да имате можност да закрепнете.

Сите сакаат да се фотографираат со новото бебе, а мајката не може да се фотографира со нејзиното бебе! Морав да побарам да ме фотографираат со моето. Ѝ благодарам на медицинската сестра што ми го зеде телефонот и ја направи за мене највредната фотографија.

Секој сака да се пофали дека го видел бебето во првите 24 часа. Луѓето едноставно мораат да си ја задоволат желбата да го подржат ова ново бебе. Ако не им дозволите да ве посетат во болница, тогаш сте себични.

Потоа луѓето доаѓаат со коментари како „сега изгледаш како да си во 4-ти месец наместо 9-ти“ или „изгледаш уморно“. Се извинувам, но зошто мислиш дека е во ред да го коментираш изгледот на новата мајка?

Се разбира, некои луѓе едвај чекаат да имаат посетители. Но јас не зборувам за тоа. Ова е за луѓето кои побарале од посетителите ден-два, но ги натерале да се чувствуваат како да направиле нешто лошо. Навистина сум среќна што сите едвај чекаа да бидат дел од животот на нашето бебе. Но не сфатив колку е тешко да ги замолите луѓето да ве остават на еден ден. „Ќе биде брза посета“. Преморени сте за да се расправате, па само седите и чекате.

Следниот пат кога некој што го познавате ќе добие бебе, запомнете колку изморено изгледа оваа нова мајка. Знам дека сте возбудени, но не заборавајте дека не е ваше право да го посетите бебето, туку привилегија.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава