Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Сестри во детството позирале како трудници со балони – 26 години подоцна затруднеле истовремено и ја копирале фотката

Сте виделе ли нешто послатко? Две сестри позираат како девојчиња во 1993 година со балони како труднички стомак, бремени биле во исто време 2019, а сега во 2021 имаат мали ќерки наследнички, кои ја продолжуваат традицијата.

sestri-vo-detstvoto-pozirale-kako-trudnici-so-baloni-26-godini-podocna-zatrudnele-istovremeno-i-ja-kopirale-fotkata-001.jpg

Бри Диетз (35) и нејзината сестра Чалет Барба (33) од Сан Диего како малечки имале навика да ставаат балони под блузите и да глумат трудници. Една таква фотографија направиле во 1993 година.

sestri-malechki-pozirale-kako-trudnici-so-baloni-pa-zatrudnele-istovremeno-i-ja-kopirale-fotkata-05.jpg

Години подоцна, во 2019 година, било вистинско чудо кога двете сестри забремениле во истовреме и ја копирале фотографијата со вистински труднички стомачиња.

sestri-malechki-pozirale-kako-trudnici-so-baloni-pa-zatrudnele-istovremeno-i-ja-kopirale-fotkata-03.jpg

Тие оттогаш се сликаат со нивните малечки во раце, прво како бебиња, а потоа и како дечиња. Двете добиле женски деца, кои се први братучетки и се многу проврзани една со друга.

sestri-malechki-pozirale-kako-trudnici-so-baloni-pa-zatrudnele-istovremeno-i-ja-kopirale-fotkata-06.jpg

Бри и Чалет велат дека ова им било остварување на сонот. Како мали делеле кревет и постојано си играле со кукли заедно.

sestri-malechki-pozirale-kako-trudnici-so-baloni-pa-zatrudnele-istovremeno-i-ja-kopirale-fotkata-07.jpg

Неодамна направиле иста фотка со балони како труднички стомак и од нивните ќерки, надевајќи се дека некогаш и нивните ќерки можеби ќе имаат среќа како нив да бидат бремени во исто време.

Преслатко, зарем не?

sestri-malechki-pozirale-kako-trudnici-so-baloni-pa-zatrudnele-istovremeno-i-ja-kopirale-fotkata-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сестри близначки се породиле со разлика од неколку минути - сега трите бебиња ќе ги растат заедно Филмска приказна од САД... Две сестри близначки се породиле речиси истовремено, ...
„Позади сите совршени фотки на Инстаграм, се кријат расфрлани играчки, трошки насекаде, солзи и тант... Седнав во тоалетот да здивнам откако ги легнав децата. Го листам полека Инстагра...
Искуства на татковци кои присуствувале на породување на партнерката: „Крваво е, но е едно од најубав... „Целото искуство беше стресно и заморно, а истовремено никогаш не сум бил повозб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg