Топ 5 најактуелни свадбени трендови во 2018
Ако сакате да бидете во чекор со светските трендови, годинава ќе треба да бидете подготвени за експериментирање.

Некои свадбени традиции како првиот танц и размената на прстени се непроменливи, но сето друго се менува од година во година.
Британскиот магазин The Independent поразговара со неколку свадбени планери и откри кои се најактуелните свадбени трендови во 2018.

Топ 5 свадбени трендови во 2018:
Слоевити торти со сладолед и овошје, кои совршено изгледаат на фотографиите.

Позирање пред ѕидови декорирани со многу цвеќе.

Драматични влегувања на невестите, колку полудо, толку подобро.

„Армија“ деверици, поради тоа што изгледа одлично на фотките.

Светлечки букви со иницијалите на невестата и младоженецот, Mr. & Mrs. или нешто друго по нивен избор.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ...
„Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...