Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто се појавува двојна брада (и како да се ослободите од неа без операција)?

Покрај слабеењето, постојат и вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од двојната брада, без операции.

zoshto-se-pojavuva-dvojna-brada-i-kako-da-se-oslobodite-e-od-nea-bez-operacija01.JPG

Двојната брада главно не претставува проблем, но повеќето ја „мразат“ од естетски причини.

Обично се верува дека е потребен хируршки зафат за да се отстрани, но ако ја знаете точната причина, можете да се ослободите од неа и на природен начин.

Зошто се создава двојна брада?

Двојната брада настанува кога под брадата се акумулира повеќе масно ткиво.

Ова се случува од неколку фактори:

Возраст – со годините, кожата ја губи еластичноста и почнува да виси. Па, двојната брада делува поизразено.

Тежина – доста често вишокот килограми е причина за двојна брада.

Генетика – некои луѓе, едноставно, имаат таква градба и двојната брада не е поради дебелина, здравствен проблем и слично.

Држење на телото – неправилното држење на телото има влијание и врз вратот и лицето, па може да почнете да забележувате поизразена двојна брада.

Здравствени проблеми – некои заболувања можат да предизвикаат акумулација на масни наслаги во областа на лицето и вратот.

zoshto-se-pojavuva-dvojna-brada-i-kako-da-se-oslobodite-e-od-nea-bez-operacija-06.JPG

Како да се ослободите од двојната брада?

Доколку двојната брада е резултат на вишок килограми, тогаш здравата исхрана и физичката активност се најдоброто решение.

За да ги дефинирате мускулите во оваа област, можете да џвакате и мастика, секако без шеќер, за да ги избегнете проблемите со забите.

Од помош можат да ви бидат и некои вежби.

zoshto-se-pojavuva-dvojna-brada-i-kako-da-se-oslobodite-e-od-nea-bez-operacija-05.JPG

Прва вежба

Застанете или седнете со исправен грб и опуштете ги рамената.

Навалете ја главата кон назад и погледнете кон таванот.

Соберете ги усните, како во положба за свиркање – треба да почувствувате истекнување во областа на вратот.

Држете ја положбата од 10 до 20 секунди и повторете десетпати.

zoshto-se-pojavuva-dvojna-brada-i-kako-da-se-oslobodite-e-od-nea-bez-operacija-02.JPG

Втора вежба

Легнете на грб.

Подадете ја долната вилица што е можно понапред, па наведнете ја главата за да ја доближите брадата до градите.

Држете ја положбата 3 секунди и повторете од 10 до 20 пати.

zoshto-se-pojavuva-dvojna-brada-i-kako-da-se-oslobodite-e-od-nea-bez-operacija-03.JPG

Трета вежба

Седнете или застанете со исправен грб.

Отворете ја устата што е можно повеќе и исплазете го јазикот колку што можете.

Треба да почувствувате затегнување на мускулите во вратот и долната вилица.

Држете ја положбата 10 секунди и направете десет повторувања.

zoshto-se-pojavuva-dvojna-brada-i-kako-da-se-oslobodite-e-od-nea-bez-operacija-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
7 совети за разубавување за кои не треба да потрошите ни денар Ако немате пари за теретана, гледајте видеа на Јутјуб или симнете бесплатна фитн...
Најчести грешки со шминка според формата на лицето (и како да се нашминкате правилно) Ако имате кружно лице и нанесувате руменило на јаболчниците, лицето ќе ви изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg