Новиот хит за маникир во лето 2025 – реалистично пресликани лушпи од овошје (фото)
Изгледа е време да се збогувате со нацртаните плодови од црешки и лубеници и да направите место за совршено пресликани шари од лушпите на овошки како смоква, праска, боровинки... Инспирирајте се.

Освен боите и шарите кои беа очигледен тренд за лето 2025, сега доаѓа нов хит, според Vogue.
Станува збор за овошни нокти, но не за нацртани плодови како досега, туку за совршено пресликани шари од лушпите на различни овошки.
Козметичарка од Јужна Кореја на Инстаграм ги споделува своите дизајни кои се совршено изработени, боите се прелеваат идеално, а сјајот како финиш си го прави своето.
Манго, грозје, смокви, праска, јаболко, кој би бил вашиот избор?