5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори
Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совршениот сјаен или мат финиш.

Летото полека одминува, има уште помалку од еден месец од промената на летната во есенска сезона. А со тоа полека доаѓаат и новите трендови во маникирот.
По веселите, екстравагантни бои и силно нагласени шари, време е за малку посмирени тонови, кои ќе се вклопат во деловниот стил на жените.
Според експертите, фокусот во модата во овој период е на суптилната елеганција, па и маникирот треба да го следи тој нов изглед.
Затоа, премногу долгите нокти заменете ги со кратките нокти, а боите нека бидат во склад со гардеробата што ја носите на работа.
Но, без оглед на бојата што ќе ја изберете, клучниот детаљ е во совршениот сјаен или мат финиш.
Луксузна естетика
Овој тренд е практичен, но е и олицетворение на тивка луксузна естетика.
Ноктите се кратки и уредни, пресечени рамно, а бојата е пастелна (бебешко-розова или праска).
Ваквите нокти се знак на самодоверба, на личност која големо внимание на деталите, а тоа се квалитети што се исклучително многу ценети во деловниот свет.

Неутрални и природни тонови не излегуваат од мода
Неутралните, природни и таканаречени nude тонови, никогаш не излегуваат од мода.
Оваа сезона можете да изберете една од неколкуте нијанси - од нежна беж, преку проѕирно розова до млечно бела боја.
Овие тонови создаваат илузија на „маникир без маникир“, но и на совршено негувани нокти кои се дел од природната убавина на жената.
Тие се дискретни, но моќни, бидејќи оддаваат впечаток на беспрекорна нега, а притоа се совршени и за дамите кои сакаат да остават силен впечаток во деловниот свет.

Сезона на темно црвена нијанса
Темно црвената боја, која може да се опише и како боја на вино, е совршен избор за по летните одмори.
Време е да заборавите на светлите, впечатливо црвени нокти и да изберете темна нијанса.
Богатите, придушени тонови, кои потсетуваат на зрели цреши или луксузно вино, според експертите за маникир, испраќаат јасна порака: оваа боја симболизира моќ, страст и авторитет.
А во комбинација со дозата на софистицираност, таа е одраз и на визуелната доминација на жените во деловната средина.

Софистицирани пастелни нијанси
За оние кои сакаат да ја задржат летната свежина, експертите за маникир препорачуваат софистицирани пастелни бои.
Наместо разиграни детски нијанси, во тренд се пастелни тонови со сивкаст подтон, како што се лаванда-сивкаста, маслинеста или темно мат розова.
На овој начин суптилно ќе додадете боја на вашиот изглед, а истовремено ќе останете елегантни и ќе го задржите професионалниот тон.

Темни нијанси за силен впечаток
Темните, речиси црни тонови се вистински избор за дамите оние кои сакаат да остават силен впечаток на работното место.
Можете да изберете нијанса позната како „полноќно сина“, шумско-зелена или рафинирано кафеава.
Ноктите и во овој случај треба да се кратки и рамни, а не во форма на шпиц.
Овој маникир е совршен за деловни вечери и посебни пригоди, бидејќи зрачи со сила и харизма.

А. Ј. | Црнобело
