Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона
Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на местото на минт бојата.

Трендовите за нокти се менуваат, па додека едни полека исчезнуваат, други доаѓаат на нивно место.
Колку и експертите за маникир да посочуваат што е модерно, сепак, на крајот ја почитуваат желбата на клиентот.
А вие, ако сакате шик дизајн на ноктите, изберете еден од следниве трендови, кои се по препорака на оние кои ги диктираат трендовите:
Нокти со строги геометриски линии
Заборавете на маникирот со строги линии и изберете маникир инспириран од поп-културата со нежни линии и разиграни детали (дури и во неонски бои).

Кажете им збогум на мермерните дезени
Мермерните дезени краток период беа популарен тренд, но нивното време помина. Според експертите, подобро е да имате еднобоен маникир во неутрални нијанси отколку мермерен дезен.

Минт зелената исчезнува од „мапата“
Оваа нежна боја беше хит изминатите две години, но на нејзино место доаѓа бебешко сината нијанса.

Впечатливо виолетовата боја не е веќе на врвот
Темните виолетови нијанси се „аут“, а нив ги заменуваат понежни розови тонови.

Заборавете на лакот со светки
Иако се сметаше дека лакот со светки ѝ дава доза на елеганција на раката, денес влегува во категоријата „застарено и евтино“. Но, ако сакате ноктите и понатаму да ви сјаат, изберете неутрална основа со златни ѕвездички (и по некој циркон).

Цветчињата не се модерни
Иако со години беа хит, цветчињата веќе не се во мода. Наместо тоа, можете да ги украсите ноктите со срциња, животински принт или точки, кои се вистинска класика.

Темно црвената боја веќе не е во тренд
И темните нијанси на црвено веќе не се во мода, а нив полека ги заменуваат светло црвените тонови.

А. Ј. | Црнобело