Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде
Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светки можат да изгледаат модерно и елегантно.

Во последно време сè повеќе се цени природниот изглед, па овој тренд доминира и кога е во прашање маникирот.
Ако светките, впечатливите дезени и неонските бои беа хит, сега предност им се дава на понеутралните нијанси и дезени.
Кои маникири веќе делуваат застарено и кои се трендовите што ги заменија?
Светкав маникир
Иако си имаа свој момент, маникирот со светки сепак изгледа малку нападно.
Но, маникирот со суптилен дезен со светки кој делува и минималистички е хит.

Неонски бои
Повторно бидејќи делува премногу нападно, и неонските бои на ноктите постепено излегуваат од мода.
Давајте им предност на понежните нијанси, како пастелна розова, беж, боја на карамела… Овие бои се елегантни и се вклопуваат во секаков аутфит.

Екстремно долги нокти
Екстремно долгите нокти некогаш беа симбол за гламур. Сепак, бидејќи во последно време му се дава предност на природниот изглед, ваквите маникир веќе делуваат застарено, особено ако се со нападни дезени.
Многу попопуларни стануваат кратки нокти, дури и само со проѕирен лак, кои делуваат уредно и елегантно.

Француски маникир
Можеби класичниот француски маникир со бела боја делува малку демоде, но неговите варијации се доста популарни.
Периодов голем хит се „омбре“ француски маникир, каде бојата на ноктот постепено се прелева во бела и делува многу поприродно.

Шарен маникир со многу детали
Огромен хит беа и ноктите со циркони и слични детали, но сега изгледаат малку застарено.
Ако сакате нокти со дезен, тогаш изберете нешто минималистичко што нема многу „да паѓа во око“.

Мат нокти
Мат ноктите се тренд што се јавува периодично. Минатата есен беше огромен хит, но сега многу популарни се сјајните нокти, без разлика на бојата.

Спирова С. | Црнобело