Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти)

Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите ноктите како алати.

chetiri-greshki-so-koi-si-go-unishtuvate-gelniot-manikir-i-vashite-prirodni-nokti-01.jpg

Гелниот (како и акрилниот) маникир е идеално решение ако сакате средени нокти, но немате време да се лакирате преку еден ден.

Но, само затоа што овој маникир е траен, не значи дека треба да ја занемарите грижата за него.

Четири грешки со кои го уништувате не само гелниот маникир, туку и вашите природни нокти:

Не им давате одмор на ноктите

Честото ставање и отстранување на гелни или акрилни нокти со текот на времето може да ги оштети вашите природни нокти.

Добрите вести се дека ноктите самите се регенерираат, но мора да им дадете можност за тоа.

Ако само ги дополнувате гелните нокти на делот каде што се пораснати, тогаш е во ред и да не правите пауза.

Но, ако целосно ги отстранувате, па ставате нови, тогаш почекајте недела-две до следниот третман за ноктите да се регенерираат.

Пробувате да ги отстраните сами

Никогаш не треба сами да пробувате да ги отстраните гелните нокти.

Можеби ќе успеете, но можете и многу да ги оштетите вашите природни нокти.

Ова секогаш правете го кај професионалец.

chetiri-greshki-so-koi-si-go-unishtuvate-gelniot-manikir-i-vashite-prirodni-nokti-03.jpg

Не користите масло за нокти

Само затоа што гелниот маникир е траен, не значи дека треба целосно да ја заборавите негата на ноктите.

Препорачливо е да користите масло за потхранување нокти.

Маслото можете да го нанесете на кутикулите, па ќе ги хидрира и зајакне вашите приодни нокти одвнатре.

Ако правите пауза помеѓу третмани, тогаш нанесувајте го маслото секојдневно, по должината на целиот природен нокт.

Ги користите ноктите како алати

Долгите нокти може да изгледаат како корисен алат, на пример за да потфатите или да отворите нешто. Но, со ова ги оштетувате.

Со тегнењето нема да ги оштетите само гелните нокти, туку создавате непотребен притисок и на вашите природни.

А, ова некогаш може да биде и болно.

chetiri-greshki-so-koi-si-go-unishtuvate-gelniot-manikir-i-vashite-prirodni-nokti02_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Совршен летен маникир - 24 идеи за да бидете во тренд оваа сезона (фото) Ако ги следите советите на експертите, до крајот на летото треба да „се држите“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg