8 идеи како да ја стилизирате долгата коса летово, без да одите на фризер (фото)
Нема да ви одземат многу време, а и не мора да имате којзнае каков „фат“ за да можете сами да си ја средите долгата коса. Кои фризури за долга коса се прават лесно, да не мора да одите на фризер?

Велат, кога имате долга коса, најлесно се прават фризури, а ако ве мрзи да ја средувате фризурата, доволно е да ја врзете со шнола или во опавче.
Но, сепак, постојат фризури кои може да ги направите самите, без да одите на фризер и да делувате стилски и шик.
Зависно од тоа дали шишките ви се во иста должина со остатокот на косата или пократки, ова се 8 фризури кои чесно ќе си ги направите и дома:
Направете нежни кадрици кои паѓаат природно преку лицето

Залижете ја косата, врзете ја во опавче и свиткајте ја како што ќе ви дојде (пунџа, банана-фризура), па фиксирајте ја со украсна штипка

Носете права коса (сушена со фен, а не пеглана), со патец на средината

-->
-->
Врзете ја косата со крпчиња, како во детството, па направете класични кадрици во слоеви, кои ќе ги фиксирате со пена за коса

-->
Благо свиткајте ја косата во кадрици, со комбинација со брановидни шишки, разделени на патец

Врзете опавче високо (ако имате шишки оставете ги пуштени), па опавчето поделет го на „топчиња“ со ластичиња

Поделете ја косата на средина и направете плетенки од страните

Многу долгата коса не мора да ја исправате, туку исушете ја природно, а потоа патецот префрлете го на едната или другата страна

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед
За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори
Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото)
Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
Идеи за маникир со кои ќе оставите впечаток во април 2026 - Што е модерно, а што демоде?
Класичниот француски маникир заменете го со француски маникир со животински моти...
Совршен летен маникир - 24 идеи за да бидете во тренд оваа сезона (фото)
Ако ги следите советите на експертите, до крајот на летото треба да „се држите“ ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“
„Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
