Дадар советува: Како да се нашминкате за на работа и да ги скриете подочниците? (видео)

„Не заборавајте пудрата да ја 'спуштите' и на вратот - многу жени забораваат да нанесат пудра на вратот, па се гледа строгата линија на лицето која го одвојува местото до каде што има и од каде што нема пудра“, вели Дадар за CRNOBELO.com.

dadar-sovetuva-kako-da-se-nashminkate-za-na-rabota-i-da-gi-skriete-podochnicite-video-01.jpg

Нашиот мејкап артист, Александар Дадар, со години се грижи за убавината на дамите во Македонија.

Тој ги шминка, разубавува, а понекогаш им дава и совети како самите да коригираат некој недостаток од лицето - на пример подочниците рано наутро, спуштените капаци (за окото да изгледа визуелно поголемо), како да нанесат ајлајнер или кој е трикот за долготраен црвен кармин...

Во краток видео туторијал, направен за читателите на CRNOBELO.com, Дадар чекор по чекор ни откри како треба да изгледа утринскиот ритуал за шминкање пред работа, за кожата да е хидрирана, а шминката „фиксирана“ и да трае во текот на целиот ден.

dadar-sovetuva-kako-da-se-nashminkate-za-na-rabota-i-da-gi-skriete-podochnicite-video-05.jpg

Прочитајте ги советите од Дадар:

„Најпрво, лицето треба да е убаво исчистено и хидрирано со соодветна крема, зависно од типот на кожата.

Кремата секогаш мора да биде ставена на сува кожа и да се впие, а дури потоа да почне самото шминкање.

Ако подочниците одат на виолетово или на сино, што е голем проблем на многу жени, се става портокалов коректор, кој што ќе ја неутрализира сината или модра боја под очите.

На образите, линиите на вилицата и на челото под косата, се става кремаст бронзер, а потоа врз него течна пудра со висока покривна моќ. Ваквата пудра се нанесува во тенок слој.

Потоа аплицираме коректор, на триаголникот под очите, т.е во регијата околу подочниците.

Тој треба да е една до две нијанси посветол од бојата на пудрата.

dadar-sovetuva-kako-da-se-nashminkate-za-na-rabota-i-da-gi-skriete-podochnicite-video-02.jpg

Знам дека сето ова делува многу, но со текот на времето станува рутина.

Плус, додека се суши коректорот можете да ја исчешлате косата, додека се суши пудрата, може да ја исцртате устата со моливче, така што практично ги завршувате чекорите и заштедувате на време.

Не заборавајте пудрата да ја „спуштите“ и на вратот, многу жени забораваат да нанесат пудра и на вратот, па се гледа строга линија на лицето каде што има и нема пудра.

Следниот чекор е повторно малку бронзер, кој ќе му даде димензија на лицето.

Врз него, за да се фиксира основата ставаме пудра во прав на Т-зоната и триголникот под очите.

Оваа пудра може да се проѕирна или во нијанса на течната пудра што ја користите.

dadar-sovetuva-kako-da-se-nashminkate-za-na-rabota-i-da-gi-skriete-podochnicite-video-03.jpg

Ако имате мали трепки, може да ги кренете со виткач за трепки.

По ова се аплицира сенката на очите.

Во надворешниот агол ќе ставаме кремасто-бела боја, а во надворешниот агол малку потемна кафеава сенка, која ќе направи окото да изгледа поотворено.

Следен е водоотпорниот молив за очи. Немојте да се плашите од водоотпорни продукти, моливче и маскара за очи, но важно е да имате средство за вадење водоотпорна шминка.

Завршен чекор за очите е аплицирање маскара и тоа во два до три слоја.

dadar-sovetuva-kako-da-se-nashminkate-za-na-rabota-i-da-gi-skriete-podochnicite-video-04.jpg

Шминката ќе ја завршиме со устата.

Најпрвин ќе аплицираме молив и ќе направиме контура, која може да биде една до две нијанси потемна од карминот и малку ќе ја изблендаме контурата со четкичка за кармин.

Потоа ќе аплицираме два слоја кармин, ќе бакнеме чисто шамивче за да се впие вишокот кармин, а на крај ќе ставиме уште еден слој кармин и така карминот ќе биде многу подолготраен, а вие ќе чувствувате самодоверба преку цел ден“.

Погледнете го видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...

Најчитани неделава