Бикините не изгледаат добро на полни девојки? Таа го тврди спротивното (фото)

Како реагирате кога на плажа ќе видите крупна и полна девојка во бикини? Непријатно ви е или сосема нормално? Храбрата блогерка Лои Лејн се сретнувала со различни коментари, па токму затоа решила да објасни зошто бикините сепак добро им стојат и на девојките како неа.

bikinite-ne-izgledaat-dobro-na-polni-devojki-taa-go-tvrdi-sprotivnoto-foto-001.jpg

На својот Инстаграм профил и YouTube канал Лои често поставува видеа во кои облекува провокативни и разголени бикинија.

И со коментарите дека не и прилегаат добро, едноставно не се согласува.

- Зошто би требало некој да има за право да ви кажува што да носите, само затоа што тој се чувствува непријатно? Жените имаат различни градби и за тоа не се зборува. Зошто некој кој е покрупен мора да го покрие поголемиот дел од телото?

Таа смета дека секој би требало да го носи тоа што го сака „затоа што веќе не живееме во 1950-те години“.

Би можело да ве интересира:

7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...

Најчитани неделава