Лоши навики - побрзо стареење

losi-naviki-pobrzo-stareenje-povekjeДодека сме млади не обрнуваме многу внимание на тоа што јадеме, пиеме и воопшто на начинот на живот. Но, често пати знаат да ни кажат – облечи се...

...ќе се чудиш кога ќе остариш. Или – немој да пиеш толку, ќе видиш мака на стари години.

Одлуките кои ги носиме додека сме млади се рефлектираат не само на нашето здравје туку и на физичкиот изглед во подоцниот период во нашиот живот, односно лошите навики прават да изгледаме постари отколку што реално сме.

На што треба да внимавате:

1. Пушење. Не е новост дека е штетно. Научниците откриваат дека пушењето може да ги активира ензимите кои ја смалуваат еластичноста на кожата, што има за последица појава на бори и бледа кожа несоодветна за вашите години.

losi-naviki-pobrzo-stareenje-1

2. Брзи диети. Сите сме нетрпеливи да симнеме килограми па се залетуваме по брзи диети. Луѓето кои практикуваат вакви диети имаат помалку енергија, проблеми со концентрацијата, а често се јавува и депресија. Заради наглото губење килограми кожата не стигнува да се адаптира и станува млитава и нееластична.

3. Малку сон. Научниците докажуваат дека на возрасните личности потребно им е 7 до 8 часа сон за да функционираат нормално и да го одржат доброто здравје. Премалку сон доведува до несакано дебелеење и губење концентрација во текот на денот што остава длабоки последици на човековото здравје.

losi-naviki-pobrzo-stareenje-2

4. Премалку овошје и зеленчук. Ако сакате подолго да го одржите младиот изглед, т.е. доброто здравје, морате исхраната да ја базирате на овошје и зеленчук кое е богато со витамини, минерали и важни антиоксиданси.

5. Без лутење. Не само што животот е премногу краток за да го поминете карајќи се со другите луѓе за неправдите, така ризикувате да го нарушите своето психофизичко здравје. Разните истражувања покажале дека простувањето позитивно влијае на менталното, духовното и физичкото здравје,, го намалува крвниот притисок, ја намалува депресијата и тегобите.

losi-naviki-pobrzo-stareenje-3

6. Стрес. Стресот може негативно да влијае на когнитивните функции. Обидете се да ги идентификувате сите извори на стрес за да можете да вежбате опуштање и нивно избегнување.

7. Неактивност. Здрав ум во здраво тело. Нема подобро нешто од секојдневна телесна активност која ве одржува млади.

Би можело да ве интересира:

Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg