3 природни енергетски пијалаци

3-prirodni-energetski-pijalaci-povekjeНајдобрите витамини се во природен облик. Оставете ги апчињата и префрлете се на цедењето овошје и зеленчук. Ставете се во блендер...


...миксирајте, играјте си и уживајте во новите вкусови.

Енергетски бум

Потребно е:

150g јаболка, 120g моркови, 6 ливчиња босилек, 200ml сок од портокал, 500ml кефир, 1-2 лажичиња мед.

Подготовка:

Исчистениот морков изрендајте го, а излупените и исчистени јаболка ситно исечкајте ги. Јаболката, морковот, листовите од босилек, сокот од портокал, кефирот и медот ставете ги во блендер и добро иситнете ги. Добиениот густ сок разлијте го во чаши и послужете го.

3-prirodni-energetski-pijalaci-1


Густ сок од јаболка

Потребно е:

5 лажици павлака, 4-5 лажици шеќер, 2 лажици лимонов сок, 5 јаболка, 4dl вода, 2 лажици ореви.

Подготовка:

Неизлупените  јаболка изрендајте ги, потоа измешајте ги со павлаката, шеќерот и лимоновиот сок. Додајте исцедена превриена вода и мелени ореви. Добро измешајте, разлијте во чаши и послужете.

3-prirodni-energetski-pijalaci-2

Црвен пијалак

Потребно е:

500g цвекло, 1kg јаболка, лимон, вода

Подготовка:

Излупеното цвекло изрендајте го и ставете го во блендер, додајте малку вода и иситнете го. Потоа низ газа исцедете за да се добие сок. Излупените јаболка исечкајте ги, ставете ги во блендер , испасирајте и исцедете преку газа. Составете ги двата сока и додајте им сок од лимон.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете? Депресијата е нарушување кое предизвикува чувства на очај, тага и безнадежност и...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од комарци Сезоната на комарците започна. Ова сигурно го почувствувавте на сопствената кожа...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg