Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто да вежбате?

zosto-da-vezbate-povekjeРедовното вежбање делува на вашата кожа, срце, расположение, дури и на кариерата. Да ги погледаме причините зошто е добро да се вежба.


Здраво срце
Вежбањето го тера вашето срце да пумпа крв, бидејќи и срцето е мускул, тоа на тој начин станува поздрави и поиздржливо. Болестите на срцето се чести, а вежбањето може да ги смири.

Подобри резултати на работа
Многу истражувања ја поврзуваат продуктивноста на работа со вежбањето. Едни објаснуваат дека тоа е затоа што вежбањето ви дава шанси да го испразните умот од проблемите, додека други веруваат дека е затоа што додатниот ендорфин помага луѓето да се чувствуваат поодморени и полни со елан.

Јакнење на коските
Доколку сакате силни и здрави коски во подоцнежните години, би требало повеќе да вежбате. Кревањето на тегови помага во борбата против остеопороза.

Чиста кожа
Иако на прв поглед делува дека потта која се лачи поради вежбањето ќе доведе до појава на бубуљици на кожата, тоа не е вистина, бидејќи зголемениот проток н крвта во вашето лице и исфрлањето на нечистотијата преку потта го подобруваат изгледот на вашата кожа.

zosto-da-vezbate

Зголемена енергија
Навистина по вежбањето ќе бидете уморни, но веројатно една од најголемите предности на вежбањето е зголемувањето на енергијата подоцна. Луѓето што редовно вежбаат помалку се жалат на умор преку ден.

Подобар сон
Вежбање неколку пати во текот на неделата делува позитивно на квалитетот на сонот. Прво, помага да дишете правилно, телото е поуморно па затоа и сонот е подлабок.

Подобар имунитет
Редовните вежби можат да му помогнат на вашето тело да се избори со настинките, грипот и другите вируси, но немојте да претерувате, сè што е претерано не чини.

Ќе бидете посреќни
Факт е дека и оние што мразат да вежбаат се чувствуваат многу подобро по вежбањето. Тоа е затоа што мозокот испушта поголеми количини ендорфин, кој делува на подобрување на расположението со часови, понекогаш и со денови по вежбањето.

Би можело да ве интересира:

Се пренесуваат преку допир и преку воздух – Што знаеме за новиот сој мајмунски сипаници и дали посто... Мајмунските сипаници не се пренесуваат само преку сексуални односи, туку и преку...
Што е „машка менопауза“ (и дали се јавува кај сите мажи)? Иако се нарекува „машка менопауза“, овој процес не е ист како менопаузата кај же...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
9 женски проблеми кои може да бидат знак за ендометриоза и не треба да ги игнорирате Нередовните менструации, но и болката во областа на карлицата се меѓу првите сим...
15 совети што ќе ви помогнат ако првпат одите кај психолог или психијатар Немојте да го лажете терапевтот и не очекувајте да се претворите во нова личност...
Отечено лице, влакна на градите и стомакот: Симптоми на Кушингов синдром (и зошто се јавува) Еден од симптомите на Кушингов синдром е отечено лице, а актерката Ејми Шумер ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg