Пиво за здрав живот

pivo-za-zdrav-zivot-povekjeНе дека ни недостасуваат причини да се напиеме пиво, ама доаѓа лето и фино е да се потсетиме на корисните состојки за потоа безгрижно да си ја...


...гасиме жедта со грч ладно пивце.

pivo-za-zdrav-zivot

Пивото е одлично за нашето тело, особено во услови на поголемо напрегање, а тоа го докажа истражувањето во кое учествуваа околу 300 маратонци поделени во две групи.

Оние од групата која не пиела пиво дури три пати почесто добивале респираторни инфекции и имале за 30% повеќе воспаление на мускулите од учесниците кои пиеле безалкохолно пиво секој ден, три недели пред и две по Минхенскиот маратон.

Умереноста е на прво место - маратонците пиеле меѓу 1 и 1,5 литри на ден, а нивните тела подобро го поднеле интензивното вежбање поради полифенолите во пивото, вид антиоксиданси што го регулираат имунитетот и ја спречуваат појавата на воспаленија.

Не само што полифенолите во пивото се поефикасни од оние во овошјето и зеленчукот, туку и стандардното алкохолно пиво има двојно повеќе полифеноли од безалкохолната варијанта, па вашиот организам ќе ви биде благодарен и по само половина литар.

Не се мислете многу и нарачајте си голема кригла :)

 

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Без лекови: Како да го намалите холестеролот по природен пат? Поради зголеменото ниво на холестерол во крвта може да се соочите со голем број ...
Болести кои предизвикуваат студени стапала (и кога треба да одите на лекар) Дијабетес, но и проблеми со тироидната жлезда - Кои здравствени проблеми предизв...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg