Болести кои предизвикуваат студени стапала (и кога треба да одите на лекар)

Дијабетес, но и проблеми со тироидната жлезда - Кои здравствени проблеми предизвикуваат студени стапала?

stapalata-vi-se-postojano-studeni-koja-bolest-dava-vakvi-simptomi-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-01.jpg

Постојат многу причини зошто вашите стапала се постојано студени, а некогаш ова може да укажува и на некаков здравствен проблем.

Најчеста причина за студени стапала е слабата циркулација на крвта во нозете.

Ако забележите дека вашите стапала често се студени, најдбро е да посетите доктор.

Кои луѓе најчесто имаат проблем со студени стапала?

Студените стапала се јавуваат почесто кај луѓето кои имаат автоимуни заболувања и проблеми со циркулацијата.

Бидејќи вашите стапала се најоддалечени од срцето, потребно e подолго време крвта да проциркулира низ екстремитетите на телото.

stapalata-vi-se-postojano-studeni-koja-bolest-dava-vakvi-simptomi-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-05.jpg

Кои се симптомите на студени стапала?

- Вашите стапала се постудени од остатокот од вашето тело.

- Имате блага, пулсирачка болка во стапалата и прстите.

- Потребно е подолго време за вашите стапала да се загреат, особено ако сте изложени на ниски температури.

- Вашите стапала имаат различна боја од останатите делови на телото (бледо црвена, сина или виолетова).

- Стапалата ви се студени во одредени периоди од денот, особено навечер.

stapalata-vi-se-postojano-studeni-koja-bolest-dava-vakvi-simptomi-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-03.jpg

Што го предизвикува овој проблем?

Една од најчестите причини за студени стапала е слабата циркулација на крвта.

Дијабетесот исто така може да предизвика студени стапала. 

Дијабетесот може да предизвика периферна невропатија (оштетување на нервите), па може да чувствувате студ во вашите стапала, а на допир да имаат нормална температура. 

И луѓето без дијабетес можат да добијат периферна невропатија, а таа може да биде предизвикана од повреди, автоимуни болести, алкохолизам, недостаток на витамини, недоволна активност на тироидната жлезда и некои лекови.

Заболувањето на периферните артерии го забавува или блокира протокот на крв во нозете и стапалата. 

Пушењето, високиот крвен притисок, високиот холестерол и староста ги зголемуваат шансите за развој на периферна васкуларна болест.

Хипотироидизмот (неактивна тироидна жлезда) исто така може да биде причина за студени стапала. Тироидната жлезда создава хормони кои влијаат речиси врз сите ваши органи.

Ако имате проблем со тироидната жлезда, може да чувствувате студ низ целото тело, вклучително и во стапалата.

stapalata-vi-se-postojano-studeni-koja-bolest-dava-vakvi-simptomi-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-02.jpg

Кога треба да посетите лекар?

Разговарајте со вашиот лекар ако често имате студени стапала и ако домашните лекови не функционираат. Имајте на ум дека студените стапала се нормална појава, но не треба да ги игнорирате симптомите кои често се јавуваат.

Ако почувствувате вкочанетост, силна болка, имате рани на нозете кои тешко зараснуваат или не можете да ги почувствувате стапалата кога ги допирате, веднаш разговарајте со вашиот лекар.

regrege.jpg

Постои ли начин на лекување?

Постојат неколку начини за лекување на студени стапала. 

Овој проблем може да го отстраните со решавање на сите здравствени проблеми кои ги имате, а предизвикуваат студени стапала.

Ако студените стапала се симптом на некој лек што го земате, не престанувајте да го земате лекот. Наместо тоа, разговарајте со вашиот лекар за вашите симптоми и тој ќе одлучи дали треба да продолжите да го земате лекот или не. 

Можете да преземете чекори за лекување на студени стапала дома: постојано носете топли чорапи, редовно вежбајте, носете компресивни чорапи, јадете здрава и добро балансирана храна, кревајте ги стапалата кога лежите, не заборавајте да се хидрирате и да пиете често вода.

stapalata-vi-se-postojano-studeni-koja-bolest-dava-vakvi-simptomi-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои проблеми со здравјето предизвикуваат отекување на нозете и стапалата? Длабоката венска тромбоза, но и проблемите со срцето можат да предизвикаат отоци...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg