10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда
Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неколку знаци кои можеби не ги поврзувате со проблеми со тироидата, но сепак можат да бидат симптом.

Иако проблемите со тироидната жлезда се честа појава, многумина со години не добиваат дијагноза бидејќи не можат да ги воочат симптомите.
Неретко, иако ги чувствуваат, ги припишуваат симптомите на нешто друго, па не ни одат на лекар.
Тироидната жлезда може да има зголемена активност (хипертироидизам) или намалена активност (хипотироидизам), а и во двата случаи, важно е да се консултирате со експерт.
Кои се помалку познатите симптоми за проблеми со тироидната жлезда?
Промени во менструалниот циклус
Намалената активност на тироидната жлезда може да предизвика промени во циклусот, како послабо крвавење, нередовни менструации, но и отежнато забременување.

Палпитации
Таканаречените срцеви палпитации претставуваат неправилен ритам на срцето.
Ако тироидната жлезда е премногу активна, тоа значи дека лачи повеќе тироидни хормони, кои, пак, можат да го забрзаат пулсот и да чувствувате палпитации.
Анксиозност и раздразливост
Проблемите со тироидата се одразуваат и на менталното здравје.
Иако анксиозноста и раздразливоста често ги припишуваме на стресниот начин на живот, ако често го чувствувавте овој симптом, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Зголемен апетит
Тироидната жлезда лачи хормони што го контролираат метаболизмот.
Доколку има нерамнотежа на овие хормони, тогаш можно е да се соочите со зголемен апетит.
Проблеми со очите
Кај некои луѓе со хипертироидизам се јавуваат и проблеми со очите. Но, ова се посуптилни симптоми, како сувост и зголемена чувствителност.
Ако почесто забележувате вакви проблеми со очите без навидум никаква причина, тогаш консултирајте се со лекар.
